Ведран Ќорлука

хрватски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Ведран Ќорлука
Remove ads

Ведран Ќорлука ((хрватски: Vedran Ćorluka); р. 5 февруари 1986 , во Дервента) — хрватски поранешен фудбалер, играч од одбраната.[1] Најчесто настапувал како централен-дефанзивец, иако тој има играно и на други места низ дефанзивна линија, особено како денес бек. Моментално е асистент на селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ.

Кратки факти Ведран Ќорлука, Лични податоци ...

Ќорлука ја поминал младинската академија на Динамо Загреб, пред да го направи своето професионално деби за сениорскиот тим во 2003 година. Во 2007 година, за 8 милиони фунти се преселил во Манчестер Сити со кој настапувал во Премиер лигата, а една сезона подоцна направил трансфер во екипата на Тотенхем Хотспар, каде веќе настапувал неговиот сонародник Лука Модриќ. Тој поминал четири сезони на Вајт Харт Лејн, пред да се приклучи на Локомотив од Москва. Во овој клуб останал до 2021 година, кога ја завршил својата кариера.

На репрезентативно ниво, Ќорлука ја претставувал Хрватска во разни младински нивоа, пред да го направи своето сениорско деби во август 2006 година, во пријателски натпревар против тогашниот Светски првак, Италија. Од тогаш, тој ја претставувал Хрватска на Европските првенства во 2008, 2012 и 2016 година, како и на Светските првенства во 2014 и 2018 година, освојувајќи сребрен медал на последното, а по него и ја завршил репрезентативната кариера со 103 настапи и 4 гола.

Remove ads

Титули

Клупски

Хрватска Динамо Загреб

2005–2006, 2006–2007
2006–2007
  • Суперкуп на Хрватска : 1
2006

Русија Локомотив Москва

  • Премиер лига на Русија : 1
2017–2018
  • Куп на Русија : 4
2014–2015, 2016–2017, 2018–2019, 2020–2021
  • Суперкуп на Русија : 1
2019

Репрезенација

Сребрен медал Вицешампион: Русија 2018

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads