Векторска анализа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Векторската анализа е дел од математичката анализа кој се занимава со обопштување на поимите од, условно, „скаларната анализа“ на векторски полиња. Ова значи дека поимите: извод, интеграл, лимес, непрекинатост и др. кои се дефинирани во полето на реални броеви (кое се нарекува скаларно поле), се воведуваат во повеќедимензионални реални Евклидов полиња наречени „векторски полиња“. Ситуацијата со горенаведените поими е поинаква во векторски полиња, од познатата во скаларното поле. Така во векторската анализа постојат поими од типот: парцијален (делумен) извод, повеќекратни интеграли, криволиниски интеграли, површински интеграли, градиент на функција, ротор на поле, дивергенција на поле и слично. Покрај своето значајно место во математиката, векторската анализа има голема примена во природните науки, особено во физиката.


Повеќе информации Главни статии поврзани со векторската анализа ...
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads