Венера (божица)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Венера е римска божица на пролетта и заштитничка на градините, а подоцна и божица на убавината, љубовта и животот. Таа се родила на Кипар, од морска пена.[1] Венера била сопруга на богот Вулкан и мајка на Купидон (Амур). Таа го изневерила Вулкан со Марс и со Адонис, Анхиз. Согласно митот, од љубовната врска со тројанецот Анхиз, Венера го родила јунакот Енеј.


Remove ads
Култот на Венера
На божицата Венера ѝ била посветено растението мирта.[2]
Во другите митологии
- Венера во старогрчката митологија е позната како Афродита.
- Библија е името со кое Феникијците го означувале ова божество. На Библија ѝ бил посветен грандиозен храм во градот Библо.
Венера во уметноста и во популарната култура
Венера, како симбол на убавината, често се јавува како инспирација и тема во уметноста и во популарната култура.
Венера како мотив во книжевноста
- „Црната Венера“ - книга на англиската писателка Анџела Картер.[3]
- „Венера од Арле“ - книга на францускиот поет Теодор Обанел.[4]
- „Рацете на Венера“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1936 година.[5]
- „Дворскиот шут и Венера“- песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.[6]
- „Илска Венера“ (La Vénus d’Ille) - новела на францускиот писател Проспер Мериме од 1837 година.[7]
Венера како мотив во музиката
- „Венера како момче“ (англиски: Venus As A Boy) — песна на исландската поп-музичарка Бјорк (Björk) од 1993 година.[8]
- „Венера во крзно“ (англиски: Venus in Furs) — песна на американската рок-група „Велвет андергаунд“ (Velvet Underground) од 1966 година.[9]
- „Милоската Венера“ (англиски: Venus de Milo) — џез-композиција на Џери Малиган (Gerry Mulligan) од 1949 година.[10]
- „Милоска Венера“ (англиски: Venus De Milo) — песна на американскиот поп-музичар Принс (Prince) од 1986 година.[11]
- „Венера“ (англиски: Venus ) — песна на американската рок-група „Телевижн“ (Television) од 1977 година.[12]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads