Весна Петрушевска

македонска глумица From Wikipedia, the free encyclopedia

Весна Петрушевска
Remove ads

Весна Петрушевска е родена на 10 мај во 1970 година во Скопје. Позната и под нејзиниот прекарБејби“ — македонска глумица и водителка на нејзиното зборовно шоу „Вртелешка“ кое достигнало голема популарност и било емитувано повеќе години на македонска телевизија.[1]

Кратки факти Родена, Националност ...
Remove ads

Животопис

Петрушевска ја започнала својата глумечка кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“. Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe било емитувано неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“.[1] Таа исто така глумела во неколку претстави во различни македонски театри, меѓy која е и „Брачна игра“ заедно со Игор Џамбазов, која ја имала својата премиера на 27 март 2016 година, во Македонскиот народен театар.[2] Таа гостyвала на ток-шоуто „Еден на Еден“ на Жарко Димитриоски на 19 март 2016 година.[3][4]

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1993Крик на немиот индијанец ТВ-филм
1995Ангели на отпад ТВ-филмОли
1998Салон Хармони ТВ-серијаМимоза
1998Денес, утре ТВ-филмСања
2000-2001Погрешно време ТВ-серијаСиси
2002Наше маало ТВ-серијаМира
2005Контакт ТВ-филмВики
2010Од денес за утре ТВ-серија
2014До балчак ТВ-филмДама 2
2018Преспав ТВ-серија
2019-2022Дајте музика ТВ-серијаПрофесорка
2022Тале и Корона ТВ-филмСамовилата Корона
2023Домаќинство за почетници ТВ-филмСандра
Remove ads

Глумечка кариера

Петрушевска глумела во голем број македонски театарски претстави меѓy кои се: „Кој се пла­ши од Вир­џи­ни­ја Вулф?“, „Ва­ги­нал­ни мо­но­ло­зи“ и нејзината најпозната претстава: „Гос­по­ѓа Ми­ни­стер­ка“, која е изведена над 150 пати.[5][6][7] Исто така, глумела во филмот Контакт, македонскиот кандидат за најдобар странски-филм на Оскарите во 2007 година.[8][9]

Писателска кариера

Во ноември 2016 година била издадена првата книга на Весна Петрушевска, автобиографската книга „Трофеј“, од страна на издавачкиот центар „Три“. Промоцијата на книгата била одржана на 9 ноември 2016 во хотелот „Парк резиденс“ во Скопје.

Издавачкиот центар Три ја опишал книгата како: „неверојатно искрена и трогателна исповед преку која Весна ќе ја запознаеме во различни аспекти на нејзината личност од минатото и сегашноста: како машкуданесто девојче, како глумица по вокација, која никогаш нема да се пензионира, ТВ-водителка, стендап-комичарка, ќерка и сестра, дваесет и четиричасовна мајка и пријателка, домаќинка... Но, пред сè, како човек со големо срце“.[10]

Remove ads

Личен живот

Таа има две деца. Син Кирил, и ќерка, Мина. Таа исто така има 4 миленичиња.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads