До балчак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
До балчак (англиски: To the Hilt) — македонски филм од 2014 година во режија на Столе Попов. Филмот трае 165 минути. Сценариото за филмот го напишал Горан Стефановски, директор на фотографијата е Апостол Трпески, сценограф е Миленко Јеремиќ, костимограф е Емилија И. Атанасовска, а шминкер е Светлана Гутиќ. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Ана Костовска, Гораст Цветковски, Владо Јовановски итн.[1]
Remove ads
Улоги
Remove ads
Производство
Филмот е снимен во продукција на „Триангл филм“, а во копродукција со „Сектор филм“, „Fх3х“ и Македонската радио-телевизија. Главен продуцент на филмот е Данчо Чеврески од „Триангл филм“. Постпродукцијата е дело на продуцентската куќа „Fx3x“ од Скопје, а крајниот микс бил извршен во студиото „Барандов“ во Прага. Снимањето на филмот започнало во мај 2012 година, а филмот е сниман на локации во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп. Финансиска и логистичка поддршка на филмот обезбедиле: Владата на Македонија, неколку министерства, Филмскиот фонд на Македонија, Македонската православна црква, „Македонски железници“ итн., а како официјални спонзори се јавуваат „Алкалоид“ и „Лукоил Македонија“. Инаку, овој филм важи за најскапиот филм во македонската кинематографија, чиј буџет изнесува 3,6 милиони евра, од кои 2,5 милиони ги обезбедила владата, а 500 илјади евра обезбедил Филмскиот фонд.[1][2][3][4][5]
На почетокот, филмот бил сниман во продукција на продуцентската куќа „Триангл“, но таа западнала во големи долгови, така што, по снимањето на филмот, за промоција и дистрибуција на филмот била задолжена Агенцијата за филм.[6] Подоцна, за време на снимањето на филмот се случил скандал кога умрел еден коњ, кому му биле дадени премногу инјекции за заспивање. Овој настан предизвикал големи реакции од друштвата за заштита на животните.[7]
Филмот започнал да се прикажува во кината на 18 октомври 2014 година, со премиерата во киното „Милениум“ во Скопје. Филмот бил македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар странски филм.[8] На 13 февруари 2016 година, филмот бил прикажан во Шведска, во рамките на „Balkan New Film Festival“, а во март учествувал на фестивалот „Febiofest“ во Прага, а бил прикажан и во Минхен, во рамките на 10. Денови на Балканот.[9]
Remove ads
Содржина
Дејствието на филмот се случува во 1907 во Отоманска Македонија, неколку години по крваво задушеното Илинденско востание, после кое Македонија се наоѓа во општ колапс и тотален пустош. Приказната ги следи случувањата на комплексен љубовен четириаголник помеѓу Крсто (Сашко Коцев), безкомпромисен и идеалистичен комита, Музафер (Тони Михајловски), безмилосен турски офицер, Филип (Мартин Јорданоски), „татин син“ опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа, и Тереза (Инти Срај), луцидна и слободоумна Европејка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици.
Ликовите минуваат низ бурни судири, доживуваат катарзични искуства и стекнуваат длабоки нови самосознанија. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга поединечност, лишена од каква било идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”. Поточно, сè е во знакот на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот, ако не си спремен да умреш за него”. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во којшто се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја, исполнет со историски апсурди. Антивестерн, пандан на традиционалниот „Аmerican Western“ или нешто што слободно би можеле да го наречеме „Macedonian Eastern“, ова е филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација.
Спорност
Предозирање на коњ
Една сцена од филмот прикажува мртов коњ, за која коњот требал да се успие со инјекција и да му се полее лажна крв. И покрај предупредувањата дека дозата е преголема и коњот може да умре од неа, екипата решила да ризикува и коњот пцовисал.[10]
Побуна на битолските дуќанџии
На денот на премиерата на филмот дел од дуќанџиите од старата битолска чаршија се заканиле со протести и тужби, затоа што во 2012 година нивните дуќани биле затворени една недела, но и по две години подоцна не им биле исплатен предвидениот надомест.[11]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads