Ветерник

поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ветерник
Remove ads

Ветерник, Вртеник[1] или Вретеник[2] (грчки: Βετέρνικο, Ветернико, или Βετεάρνικ, Ветеарник, или Βετέρνικ, Ветерник; албански: Vreteniku) — поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.

Кратки факти Ветерник Βετέρνικο, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во северното подножје на планината Грамошта, на левиот брег на реката Бистрица (Белица). Јужно од селото е тесната клисура Катафики, низ која реката се спушта од котлината на Грамошта во онаа на Загар.

Историја

Во 1769 г. албански банди уништиле седум села во областа — Грамошта, Линотопи, Ветерник, Пискохори, Лагор, Омотско и Загар.[3]

На крајот од XIX век Ветерник било влашко село во Костурската каза. За време на Илинденското востание во селото влегла четата на Коста Здрољов од Д’мбени, дел од големата чета на Васил Чакаларов, и се борела со башибозукот.[2] Македонската чета го изгорела селото.[1]

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads