Омотско
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Омотско или Омоцко (грчки: Λειβαδοτόπι, Ливадотопи; до 1927 г. Όμοτσκο, Омоцко[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 15 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, околу 32 км југозападно од градот Костур, во близина на реката Бистрица, на нејзината лева страна, на надморска височина од 970 м.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Селото се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Хомочко како место со 44 семејства.[4] Во 1769 г. арнаутските банди го уништиле селото, заедно со соседните Линотопи, Ветерник, Пискохор, Лагор, Грамошта и Загар.[5]
Преселби во Брацигово и Ковачевица во XVIII век
Околу 1770 или во 1791 г. многу жители на Омотско и соседните Слимница и Орешец се преселиле во Брацигово (денешна Пазарџичка област, Бугарија) поради угнетувања од страна на албанското население.[6][7] Тие пристигнале во Пештера со сиот движен имот и добиток, па почнале да ги обиколуваат околните села Брацигово, Козарско, Кричим и Перуштица, барајќи место да се населат. Слимничани биле бичкиџии (обработувачи на дрво), омотчани биле градители, а орешчани — занаетчии: бојаџии, сапунџии, шарлаганџии, бочвари и џамбази. Се населиле во Брацигово, кајшто немало Турци. Девет слимничани се населиле во Перуштица, дел од омотчаните се населиле во Козарско и други омотчани и орешчани останале во Пештера, каде го основале Габер Маало.[8] Наследниот управник на Татарпазарџичката каза Хасан-бег Гаванозоолу им дал дозвола да се населат во Брацигово и да ги ја избегнат работата на оризарниците задолжителна за староседелците во замена за градителска работа на неговите седум чифлици секоја година. Во Брацигово омотчани, најмногубројни од доселениците, се населиле во северниот дел на селото и го основале Омотското Маало. Слимничани се населиле во источното маало, а орешчани, како најмалубројни, во средината на селото.[9]
Од Омотско потекнуваат брациговските родови Зоговци, Ѓуровци, Дуковци, Јорговци, Дамовци, Мишекопарановци, Арнаудовци, Филевци, Андреевци, Цојковци, Буровци, Каневци, Шаваниковци, Цапковци, Мишевци, Сидеровци, Чоковци, Серафимовци, Глухчевци, Дунковци, Демиревци, Нановци, Неделковци.[10]
Семејства од Омотско, заедно со слимничани и добролиштани во 1791 г. се населиле и во неврокопското село Ковачевица во Пиринска Македонија, каде го создале т.н. Арнаутско Маало. Тие се занимавале со градителство и ја основале Ковачевичката градителска школа.[11]
Омотско во XIX век
Во XIX век Омотско било македонско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Омотско имало 247 жители, сите Македонци.[12] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Омотско имало 96 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[12][13] Според грчки извори, во 1905 г. во Омотско имало 138 жители „Грци“.[14]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Омоско се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 18 куќи.[15]
Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканските војни имало 10 македонски семејства.[12][16]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 102 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 114.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Омотско имало 15 куќи на словени (Македонци) христијани.[3]
Во 1927 година, името на селото било променето во Ливадотопи (Λειβαδοτόπι).
За време на Втората светска војна, во летото 1942 г. селото е изгорено од три германски баталјони заедно со Слимница, Пилкати и Јановени со цел да се ликвидираат партизанските бази. За време на Граѓанската војна селото многу настрадало и на 27 јули 1947 г. жителите го напуштиле, кои побарале спас во источноевропските земји. По војната властите не им дозволиле на селаните да се вратат во Омотско.[3]
Remove ads
Население
Омотско е последно македонско на југ, бидејќи од неговата јужна страна почнуваат грчките села Тухол, Дреново и други.[3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Нестрам со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нестрам, во кој влегуваат и селата Нестрам, Јановени, Слимница, Пилкати, Радигоже, Стенско и Тухол.
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Никола“ — изградена во 1657 г.[17]
Личности
Родени во Омотско
- Андреја (~1741 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Атанас (Насе) Глухче (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Атанас Мечкарин (~1786 - 1845) — мајстор-градител
- Бинко (~1740 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Бојчо (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Буро (~1740 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Ванчо Устабаши (~1716 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
- Вељу (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Ѓуро (~1731 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
- Дамче (~1721 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., изградил воденица во градот во 1819 г.[6]
- Ѕано (~1740 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Диман (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Димир (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Димко (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Дуко (~1726 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Дунко (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Зога (~1726 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
- Игнат (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Илчо (~1752 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Исидор (Сидор, ~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Јорго (~1716 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
- Кању (~1745 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Крле (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Катју Шаваник (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Манол (Нољо, ~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Марко Зисо (~1736 - ?) — мајстор-градител
- Михал (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Михо Копаран (~1721 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Мишо Кормишо (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Насе Глухче (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Нано (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Неделко (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Нољо (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Петко Грнето (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Ројко (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Саво (~1745 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Серафим (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Сидо (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Сотир (Соте, ~1745 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Стамен (~1740 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Стерју Арнаут (~1741 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Танчо Бјуљук (~1751 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Тољу Карабајрактар (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Фиљо (~1731 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
- Христо Грнето (~1730 - ?) — мајстор-градител
- Цапко (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Цапко (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Циљо Кацар (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
- Цојко (~1740 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Чока (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
- Штерју Арнаут (~1780 - 1860) — мајстор-градител
Други
- Бојан Канев (1895 - 1968) — инженер, по потекло од Омотско
- Никола Канев (1866 - 1922) — политичар, по потекло од Омотско
- Радан Канев (р. 1975) — политичар, по потекло од Омотско
- Страшимир Мишекопаранов (1904 - 1956) — комунист, по потекло од Омотско
- Христо Мишев (1932 - 1989) — политичар, по потекло од Омотско
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads