Ветерско

село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia

Ветерскоmap
Remove ads

Ветерско — село во Општина Велес, во околината на градот Велес, во близина на вештачкото езеро Младост, познато како Велешко Езеро.

Кратки факти
Thumb
Чешмата со мал параклис во Ветерско.
Remove ads

Географија и местоположба

Ветерско се наоѓа во крајниот периферен северен дел на Општина Велес, во јужното подножје на Градиштанска Планина, на 16 километри оддалеченост од градот Велес и на 39 километри југозападно од градот Скопје. Сместено е од левата страна на патот Скопје - Велес којшто води по долината на реката Пчиња.

Историја

Во XIX век, Ветерско било село во Велешката каза на Отоманското Царство.

Во селото постои мала црквичка Свети Никола која до почетокот на XX век била во урнатини (најверојатно ја урнале Турците и маџирите-бегалци од Босна и Херцеговина кои биле населени тука во 1887/89, а биле избркани околу 1914/15 година).

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ветерско било село со 15 домаќинства од 73 жители Македонци[2].[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 115 жители, сите Македонци.[2][4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ветрино имало 136 Македонци, сите под егзархијата.[5]

На етничката си карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Ветерско (Vetersko) како македонско христијанско село.[6][7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Селото броело 210 жители во 1961 година, додека во 1994 година бројот се намалил на 16 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Ветерско живееле само 9 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Ветерско е македонско село.

Според истражувањата од 1929 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Малиновци или Каламановци доселени се од селото Бадар; Стојчевци доселени се од селото Малино; Мановци се делат на Маневци и Јаневци, Мировци, Галевци кои знаат предание дека водат подалечно потекло од Мијачијата од Тресонче[15] и Карабела- Костиќ доселени се, но не знаат од каде.

Многу одамна во селото живеел и некој Димитрија доселен од околината на Петрич во Пиринска Македонија, но семејството му изумрело.[16]

Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

селото е опфатено во избирачкото место бр. 2190 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственост на здравковиќ росанда на селото Рудник.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[18]

Културни и природни знаменитости

Верски објекти

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads