Ветуница

село во Општина Ранковце From Wikipedia, the free encyclopedia

Ветуницаmap
Remove ads

Ветуница — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел на територијата на Општина Ранковце. Сместено е на десната страна на Крива Река, а низ селото поминува и Ветуничка Река. Претставува село од растурен маалски тип.

Се наоѓа во непосредна близина на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 3 километри од општинското средиште Ранковце и 23,5 километри југозападно од Крива Паланка. Во близина на селото се наоѓа и автобуска станица.

Remove ads

Историја

Се верува дека постоела населба од доцното античко време на местото на денешното село.

Стопанство

Во селото не постојат стопански и услужни објекти, а самото население главно се занимава со полјоделство и сточарство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[2]

Според податоците од пописот во 2002 година во Ветуница живеат 57 жители сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповед.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови

Ветуница е македонско село.

Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се

  • Богојевци (9 к.), Пуцкини (8 к.), Стајкови (6 к.) и Шилкови (5 к.) овде живеат од турско време. Сите потекнуваат од доселени предци. Родовите Богојевци и Стајкови се доселени од селото Отошница. Додека останатите два рода се доселени со непознато потекло. Гаџорци (6 к.) доселени се после 1918 година од селото Гулинци.[8]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Пуцкинци (6 к.), Шиљковци (6 к.), Богојци (3 к.), Еребинци (5 к.)
  • Со непознато потекло: Деда-Бошко (1 к.)
  • Доселеници: Стајковци (7 к.) доселени се околу 1890 година од селото Отошница; Вучковци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Мала Црцорија.[9]
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Ветуница се наоѓале и селата Вржогрнци, Гулинци, Љубинци, Одрено, Опила, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads