Отошница
село во Општина Ранковце From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Отошница — село во Општина Ранковце, североисточна Македонија.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во долината на Отошничка Река, која е десна притока на Крива Река. Двете долински страни — Осојна и Присојна кои се делумно обработени од населението се спуштаат благо кон реката.
Отошница се наоѓа во крајниот западен дел на Општина Ранковце, чиј атар допира до соседната Општина Старо Нагоричане. Населбата се протега до подножјето на планината Герман и има ридско-планински карактер. Селото е од разбиен маалски тип. Атарот на селото зафаќа простор од 14,8 км2.
Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 5 километри. До селото има асфалтен пат, кој е во добра состојба. Селото не е поврзано со директен автобуски превоз.
Remove ads
Историја
Селото потекнува од доцното античко време на што укажуваат пронајдените Археолошки наоѓалишта. Пишан доказ за Отошница има од средниот век, кога извесен Властелин Влатко го приложил селото, а на 25 март 1355 година тоа го потврдил и цар Душан на Хиландар.
На крајот на XIX век Отошница спаѓало во Кривопаланечката каза на Османлиското Царство.
Стопанство
Главно населението се занимава со сточарство и полјоделство. Сточарството е насочено кон одгледување на говеда и овци. Во селото нема никакви стопански објекти.
Од 2015 година, на земјиште во атарот на селото разни концесионери на државно земјиште почнале да засадуваат големи насади на лешници, круши и вишни.
Воедно, во селото е присутно и пчеларството, каде се чуваат околу 1500 пчелни семејства.
Население
Бројот на семејства во Отошница се движел во 1921. г. — 84, 1948. г. — 113, 1961. г. — 128 и 1971. г. — 118 семејства.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[2]
Во селото според податоците од пописот во 2002 година живеат 105 жители, сите Македонци.[3] Сите жители припаѓаат на православната религија.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 61 жител, од кои 60 Македонци и 1 лице без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Палигорци (5 к.), Мишаци (2 к.), Пејчиновци (2 к.), Станковци (1 к.), Симонци (3 к.), Кмеци (8 к.), Кара Николци (4 к.), Трајановци (3 к.), Крстевци (3 к.), Гаванци (2 к.), Ишмарци (2 к.), Додинци и Ристинци (6 к.), Прцаци (1 к.), Стојкарци (3 к.), Мандарци (2 к.), Чуљковци (3 к.), Пајковци (1 к.), Пчеларци (3 к.), Бојници (3 к.), Дедо Петковци (1 к.), Димковци (3 к.), Диминци (4 к.), Маљаци (3 к.), Аначковци (3 к.), Вукашинци (5 к.), Чупаци (3 к.) и Јужарци (2 к.)
- Кортопелци или Џукелци (7 к.) се доселени околу 1860 година од селото Златокоп Врање
- Доселеници: Стајковци или Давидовци (16 к.) доселени се од некое село Стајаково кај Куманово (?) (можеби од селото Стакевци кај Прешево ?); Коларци (3 к.) доселени се околу 1855 година од селото Думановце кај Куманово; Богојци (1 к.) доселени се околу 1880 година од селото Опила; Баба Јанинци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Гулинци; Марковци (1 к.) доселени се во 1912 година од селото Ранковце.[9]
Remove ads
Општествени установи
- Подрачно основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година се наоѓала во некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Отошница се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнце, Гулинци, Љубинци, Одрено, Опила, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓа во рамките на истоимената општина.
Remove ads
Културни и природни знаменитости


- Цркви[10]
- Црква „Св. Јован Крстител“ — главната селска црква која потекнува од XIX век
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Аниште — населба од доцноантичко време;
- Градиште — градиште од доцноантичко време;
- Грамади — населба од доцноантичко време;
- Лиске — населба од доцноантичко време;
- Могила — некропола од римско време;
- Реки
- Отошничка Река
- Езера
- Отошничко Езеро — вештачка акумулација на Отошничка Река со цел наводнување на земјоделското земјиште, но во летниот период се користи како излетничко-рекреативно место од околните жители.
Remove ads
Редовни настани
- Свети Јован (20 јануари) — главна селска слава
Личности
- Стефан Алексов — член на доброволните чети од Балканските војни[12]
- Драган Митевски (р. 1949) — политичар и пратеник во Македонското Собрание;
- Киро Станковски (1944-2013) — сликар;
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads