Византија под Комнинската династија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Византиското Царство од страна на Комнините била управувана во два периоди: периодот од 1057 година со назначувањето на Исак I Комнин за цар до крајот на неговото владеење во 1059, и назначувањето на Алексиј I Комнин во 1081 година до крајот на владеењето на Андроник I Комнин во 1185 година.
Remove ads
Позадина
Комнинската ера започнала во период на големи тешкотии и стремење кон Византија. По еден период на релативен успех и експанзија во рамките на Македонската династија (867-1054), Византија доживеала неколку децении стагнација и опаѓање, што кулминирало со огромно влошување на ситуацијата односно земјата имала територијална, економска и политичка нестабилност.
Проблемите со кои се соочувала империјата биле делумно предизвикани од растечкото влијание и моќ на аристократијата, која ја слабеела на империјата воената структура преку поткопување на системот за темите. Заочнувајќи од смртта на успешниот војник-цар Василиј II во 1025, една долга серија на слаби владетелите ги распуштиле големите армии кои биле во одбрана на источните провинции од напади; наместо тоа, златото било складирано во Цариград, наводно со цел да се ангажираат платеници доколку се појават определени проблеми. Всушност, најголем дел од парите биле давани во форма на подароци кај фаворитите на царот.
Земјата во текот на периодот била напаѓана од Турците на исток и од Норманите на запад. Од 1080 година, империјата изгубила 78.000 км2.
Remove ads
Цари
- Исак I Комнин (Ισαάκιος Α' Κομνηνός) (c. 1007 - 1060, владеел 1057 - 1059) – војник
- Алексиј I Комнин (Αλέξιος Α' Κομνηνός) (1057 - 1118, владеел 1081 - 1118) – внук на Исак I, оженет со правнуката на Константин X
- Јован II Комнин Убавиот (Ιωάννης Β' Κομνηνός o Καλος) (1087 - 1143, владеел 1118 - 1143) – син на Алексиј I
- Мануил I Комнин Велики (Μανουήλ Α' Κομνηνός ο Μέγας) (1118 - 1180, владеел 1143 - 1180) – син на Јован II
- Алексиј II Комнин (Αλέξιος B' Κομνηνός) (1169 - 1183, владеел 1180 - 1183) – син на Мануил I
- Андроник I Комнин (Ανδρόνικος Α' Κομνηνός) (1118 - 1185, владеел 1183 - 1185) – внук на Јован II; оженет со вдовицата на Алексиј II; неговите потомци го создале Трапезунтското Царство
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads