Виктор Јанукович

From Wikipedia, the free encyclopedia

Виктор Јанукович
Remove ads

Виктор Федорович Јанукович (украински: Віктор Янукович; (р. 9 јули 1950, с. Јенакиево, СССР) е поранешен Претседател на Украина и водач на политичката партија Партија на регионите (Партія Регіонів). Во два наврати бил и Премиер на Украина од 2002 до 2004, и од 2006 до 2007 година.

Кратки факти Виктор ЈануковичВіктор Янукович, Претседател на Украина ...

На 25 февруари 2010, Јанукович беше избран за Претседател на Украина, согласно претходно извојуваната победа над неговата соперничка Јулија Тимошенко.[2]

Својата политичка кариера ја започнал на местото гувернер на Доњецката област. Оваа функција ја извршувал пет години (1997-2002). По ова го преземал премиерското место (2002-2004), за време на претседателствувањето на Леонид Кучма. Имал неуспешна кандидатура за претседател на Украина, губејќи ги тие избори од лутиот соперник Виктор Јушченко.[3] На 4 август 2006 г. добил втор премиерски мандат кој му траел една година и 4 месеци. Додека бил на тоа место, имал затегнати односи со претседателот Јушченко и во најголема мера не се согласувал со неговите политики.[4][5] Во 2010 г. водечкото место во неговата матична партија „Партија на регионите“ му го препуштил на неговиот близок сопартиец Николај Азаров.

На претседателските избори одржани во јануари 2010 г. Јанукович се соочил со Јулија Тимошенко во втората изборна рунда.[6] Во вториот круг освоил 48,95% од гласовите, наспрема 45,47% на тогашниот премиер Тимошенко.[7]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads