Вилстер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вилстер (германски: Wilster) — град во округот Штајнбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Вилстермарш, иако самиот град не е член на заедницата.
Remove ads
Историја
Вилстер ги добил градските права во 1282 година и со тоа се вбројува помеѓу најстарите градови во покраината Шлезвиг-Холштајн. Вилстер е средиште на Вилстермарш, голема област за одгледување на говеда во Германија.
Од 1 јули 2005 година, градската администрација и администрацијата на општинската заедница Вилстермарш се споени и работат заедно.
Знаменитости
Старото Градско собрание изградено во 1585 година е помеѓу најдобро зачуваните ренесансни градби во Шлезвиг-Холштајн.
Исто така, црквата Св. Бартоломеј во барокен стил, изградена од Ернст Георг Зонин помеѓу 1775 и 1781 година и новото Градско собрание изградено во 1786 година се вредни споменици.
Луѓе
- Волфганг Ратке — дидактичар и педагог
- Ханс Херман Јунге — СС-офицер и личен слуга на Адолф Хитлер
Галерија
- Старото Градско собрание во Вилстер
- Црквата Св. Бартоломеј во Вилстер
- Воздушен поглед на градот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads