Височани
село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Височани или Височан (се среќаваат и Височен и Височени; грчки: Ξηροπόταμος, Ксиропотамос, до 1927 г. Βησωτσάνη, Висоцани[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 8 километри северозападно од градот Драма, на надморска височина од 255 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 Турци и 1.150 жители Македонци[3][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.840 Македонци, 20 Грци, 36 Власи и 30 Албанци. Освен тоа, во селото работеле македонско и грчко училиште[3][5].
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било мешано си 396 жители бегалци. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 1925 лица, додека во 1940 година селото броело 2568 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 2677 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 3051 жител, во 1971 година имало 2023 жители, во 1981 година имало 2381 жител, додека во 1991 година имало 2401 жител[7]. Денеска, населението на селото е 2554 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads
Знаменитости
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1898 г.
- Црква „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ 1815 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads