Витивјани
село во Кожанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Витивјани или Фитивјани (грчки: Πολύφυτο, Полифито; до 1927 г. Φυτίβιανη, Фитивјани[2]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 14 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во подножјето на Пиериските Планини, на 8 км североисточно од гратчето Велвендо, во Витивјанската Клисура на р. Бистрица, на надморска височина од 320 м.[3] Во непосредна близина на селото се наоѓа браната на Витивјанското Езеро.[4]
Историја
Во Отоманското Царство
Според османлиски дефтер од 1528 г. во Фитивијани имало 15 домаќинства со 58 жители.[5]
Во XIX век Витивјани било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак. На етничката карта на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Витовјани е означено како грчко село, иако не е даден бројот на жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Волтојан е претставен како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 30 куќи.[7]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Витивјани (Βιτίβγιανη) живееле 150 Грци христијани.[8]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 162 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 140 лица.[3] Во 1928 година, името на селото било променето во Полифито (Πολύφυτο).[2]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува овошје, зеленчук, тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со краварството.[3]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 10 квадратни километри.[3] Општината Витивјани била приклучена во општината Велвендо во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.
Селото припаѓа на општинската единица Велвендо со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Велвендо, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Витивјани, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Петка“ — парохиска црква обновена во 1916 г.
- Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во 1910 г. врз темелите на постар храм
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads