Владиково
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Владиково (грчки: Οροπέδιο, Оропедио[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 44 километри северно од градот Драма и на 4 километри јужно од Осеница, на надморска височина од 670 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Владиково се состоело од 62 семејства и 150 жители македонски муслимани[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 370 македонски муслимани[5].
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 567 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 352 луѓе[6].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година во селото биле населени 60 грчки бегалски семејства со вкупно 204 луѓе[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 204 лица, додека во 1940 година селото броело 275 жители. Селото во пописот од 1961 година живееле 11 жители, во 1991 година имало 29 жители[6]. Денеска, населението на селото е 23 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads