Владимир Лазоски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Владимир Лазоски
Remove ads

Владимир Лазоски (8 февруари 1946 во Охрид) — македонски професор во основно училиште, вајар и сликар. Тој е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Кратки факти Роден, Националност ...
Remove ads

Животопис

Владимир Лазоски е роден во Охрид. На своја петгодишна возраст бил преселен во Скопје, поточно во Еврејското Маало, кај зградата Пасаж. Основното училиште го завршил во сега непостоечкото училиште „Гоце Делчев“, разрушено во скопскиот земјотрес. Средното училиште го поминал во Средното уметничко училиште во периодот 1960-1965. Како дипломец студирал на Педагошката академија (денес факултет) при УКИМ. Шест месеци по дипломирањето, заминал во Париз, на курсевите наречени „Belle Art“, приуствувајќи на нив шест месеци. Потоа се има занимавано со слободна скултура. Неговото прво вработување како наставник било во ОУ „Братство“ во Тафталиџе 2 и таму останал 12 години. Следна наставно место му било во ОУ „Кочо Рацин“ во населбата Водно. Една учебна година има предавано во подрачното училиште „Братство“ во Крушопек. Во 2009 година се стекнал со пензија.[1] Во Детскиот ликовен центар, установа и здружение кое го претставува детското ликовно творештво, е претседател од 2006 година.[2] Како претседател на Детскиот ликовен центар, тој е и организатор на Ликовната колонија „Љубанци“ во Љубанци во соработка со Општина Бутел,[3][4] Меѓународната ликовна колонија „Пантелејмон“ во соработка со Општина Карпош.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads