Владимир Руменов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Владимир Руменов
Remove ads

Владимир Иванов Руменов, вистинско име: Наум Мушевски (1 мај 187020 јануари 1939) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на македонската револуционерна организација, тој е еден од поистакнатите претставници на Македонската емиграција во Бугарија каде што активно се занимавал со општествена работа и учествувал во политичкиот живот на оваа земја како претставник на Македонската парламентарна група.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Владимир Руменов е роден 1870 година во градот Крушево, тогаш во Отоманското Царство. Завршил духовна богословија во Киев и медицина во Москва, 1896 година. Работел како лекар во Скопје помеѓу 1898–1901 година и истовремено бил член на Скопскиот окружен комитет на Организацијата. Тој бил осомничен од османлиската власт поради револуционерната дејност и се преселил во Софија, каде што се вработил во бугарската армија.

На 5 август 1903 година со иницијатива на Александар Протогеров, во Софија 14 бегалски македонски братства ја формирале (Општи) бегалска комисија со претседател Александар Протогеров, потпретседател Лазар Лазаров, секретари Евтим Спространов и Георги Разлогов и советник Владимир Руменов, на местото на рспуштениот Македонски комитет.[1]

Во текот на Илинденското востание, Руменов го надгледувал ѓуешевскиот пункт на Организацијата.[2] По Младотурската револуција се вратил во Македонија и заедно со Тома Карајовов и Тодор Лазаров е избран за член на Централното биро на Сојузот на бугарските конституциони клубови.

За време на Балканските војни бил воен лекар во бугарската армија, по што заминал во пензионираниот со чин генерал. Во 1920 година ги организирал тајните македонски друштва и бил нивни раководител. Негови заменици биле Евтим Спространов и Христо Михајлов. Потоа учествувал во работата на македонските братства во Бугарија и се населил за трајно во Стара Загора. Учествувал и во создавањето на Медицинскиот факултет. Избран е за пратеник во XXI и XXII бугарско собрание како претставник Македонската парламентарна група.

Умрел во Софија, 1939 година.[3]

Remove ads

Извори

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads