Владо Јовановски
македонски глумец From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Владо Јовановски (роден на 27 февруари 1967 во Пробиштип[1]) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Remove ads
Животопис
Завршил Факултетot за драмски уметности во Скопје. Член на Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година.
За пошироката публика е можеби најпознат по серијалот „Истражи ја Македонија“ – кратки документарни емисии за неоткриените убавини на Македонија. Серијалот, кој привлекол доста внимание и често бил емитуван на македонските телевизии, бил финансиран од Владата на Република Македонија за да го поттикне македонскиот туризам.[2]
На 28 ноември 2017 година, Владо Јовановски бил уапсен под сомнение за терористичко загрозување на уставниот поредок по упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година[3].
Remove ads
Филмографија
Remove ads
Награди
- Награда за колективна игра во претставата "12" во режија на Синиша Евтимов на МТФ "Војдан Чернодрински" Прилеп (2025).
- Награда Мето Јовановски на фестивалот „Преку езерото”, Дојран (2024).
- Награда за ТВ проект – „Истражи ја Македонија“ 2012 г. на „Златна Буба мара на популарноста“;
- Награда "Војдан Чернодрински" за епизодна машка улога (2011)
- Награда за најдобро глумечко остварување на фестивалот "Војдан Чернодрински" Прилеп (2008)
- Награда за глумец за 2001г. на „Златна Бубамара на популарноста”;
- Награда на ревијата Екран за најдобро глумечко остварување на филм и на ТВ за улогата во филмот „Македонска сага“, во режија на Бранко Гапо и во филмот „Светлосиво“, во режија на Александар Поповски, Дарко Митревски и Срѓан Јаниќијевиќ (1993).
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads