Преспав

македонска телевизиска серија From Wikipedia, the free encyclopedia

Преспав
Remove ads

Преспав — македонска ситуациска комедија со елементи на сатира и магичен реализам во режија на Игор Иванов и по сценарио на Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов. Во периодот од 31 октомври 2016 до 9 јануари 2024 година биле прикажани вкупно седум сезони — првата сезона на ТВ Телма,[1] втората на Телевизија 24,[2] а од третата до седмата на МРТ 1.[3][4] На 26 април 2020 година, доброволно била снимена и прикажана вонредна епизода посветена на Пандемијата на коронавирус, а средствата собрани од маркетинг било најавено дека ќе бидат уплатени во Фондот за борба против КОВИД-19.[5]

Кратки факти Преспав, Жанр ...

Во серијата е прикажана семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во Преспанскиот Регион, благодарение на средствата добиени од фондовите на Европската Унија. Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Македонија во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан судир и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои се препознаваат и самите гледачи. Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов судир и нова разрешница.

Серијалот бил прогласен за ТВ-проект на годината во Македонија за 2018, 2019 и 2020 година, а новогодишната епизода од шестата сезона „Преспав мјузик хол“ била прогласена за најпопуларна новогодишна емисија за 2021 година на Златна бубамара на популарноста.[6][7][8][9]

Remove ads

Содржина

Серијата следи тројца браќа — Коста, Тони и Миле — кои отвораат хаотичен пансион во Македонија наречен „Преспав“, финансиран од ЕУ. Нивната цел е да го модернизираат местото со „европски стандарди“, но бескрајно се судираат со балканските традиции, мрзливиот кадар и ексцентричните гости. Идеализмот на браќата стигнува до апсурд: правилата имаат обратен ефект, бирократијата преовладува и секој обид да се „вклопи“ во Европа бучно се расплетува. Во меѓувреме, пансионот станува микрокосмос на борбите во земјата — корупција, поделби меѓу поколенијата и кризи на идентитетот — сето тоа послужено со остра сатира и духовитост.

Remove ads

Глумечки состав

Вкупниот глумечки состав на серијата „Преспав“ вклучува околу 200 глумци. Табелата во продолжение ги содржи само ликовите што се појавуваат во повеќе од пет епизоди.

Повеќе информации Глумец, Улога ...

Епизодни улоги

Повеќе информации Глумец, Улога ...
Remove ads

Епизоди

Сезона 1 (2016–17)

Првите петнаесет епизоди од првата сезона се прикажувале секој работен ден во 20:40 часот на ТВ-Телма. За време на изборниот период се прикажувала по една епизода седмично, а епизодите прикажани на овој начин насловени „Противкандидати“, „Наградна игра“ и „Дуел“ биле прикажани со поднасловот „Преспавполитичка програма“. Од епизодата насловена „Позитивна нула“, прикажувањето на серијата се вратило по стариот распоред, односно секој работен ден во 20:40 часот.

Првата сезона започнала со прикажување на 31 октомври 2016, а завршила на 11 јануари 2017 година.

Повеќе информации Број на епизода (во серија), Број на епизода (во сезона) ...

Сезона 2 (2017–18)

Втората сезона од серијата се прикажувала секој вторник и среда во 19:00 и 22:30 часот на Телевизија 24. Во оваа сезона, Владо Јовановски бил заменет од страна на Игор Џамбазов во улогата на Миле Бузалевски.

Втората сезона започнала со прикажување на 26 декември 2017, а завршила на 28 февруари 2018 година.

Повеќе информации Број на епизода (во серија), Број на епизода (во сезона) ...

Сезона 3 (2018–19)

Третата сезона од серијата се прикажувала секој работен ден во 20:15 часот на МРТ 1. Во оваа сезона, на глумечкиот состав му се приклучила Јана Маринова во улогата на новата газдарица Преслава Каменова од Бугарија. Третата сезона започнала со прикажување на 17 декември 2018, а завршила на 11 јануари 2019. Во оваа сезона била вклучена и посебна тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2018 година.

Третата сезона започнала со прикажување на 17 декември 2018, а завршила на 11 јануари 2019 година.

Повеќе информации Број на епизода (во серија), Број на епизода (во сезона) ...

Сезона 4 (2019–20)

Четвртата сезона од серијата се прикажувала секој работен ден во 20:15 часот на МРТ 1. Во оваа сезона, Владимир Тулиев во улогата на Дончо и Емра Куртишова во улогата на Исаура, кои во претходните сезони имале епизодна улога, му се приклучиле на глумечкиот состав како едни од главните ликови. Во оваа сезона повторно била вклучена тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2019 година, но овојпат истата не била посебна и била дел од снимените 20 епизоди.

Четвртата сезона започнала со прикажување на 18 декември 2019, а завршила на 15 јануари 2020 година.

Повеќе информации Број на епизода (во серија), Број на епизода (во сезона) ...

Вонредна епизода

Во април 2020 година доброволно била снимена вонредна епизода посветена на Пандемијата на коронавирус со наслов „КОВИД еден без двајсе“, а средствата собрани од маркетинг било најавено дека ќе бидат уплатени во Фондот за борба против Ковид-19. Вонредната епизода била прикажана на 26 април 2020 година во 20:15 часот на МРТ 1.[5]

Повеќе информации Број на епизода (во серија), Број на епизода (во сезона) ...

Сезона 5 (2020–21)

Петтата сезона од серијата се прикажувала секој работен ден во 20:15 часот на МРТ 1.[б 3] Во оваа сезона, Владо Јовановски, кој во првата сезона го глумел ликот на Миле Бузалевски и на крајот на четвртата сезона се појавил како Воин на коњ кој победил на лицитацијата за продажба на пансионот, се вратил во улогата на Мич, а на глумечкиот состав му се приклучила и Наташа Петровиќ во улогата на стилистката Натали како еден од главните ликови.[10] Во оваа сезона трет пат по ред била вклучена посебна тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2020 година.

Петтата сезона започнала со прикажување на 18 декември 2020, а завршила на 18 јануари 2021 година.

Повеќе информации Број на епизода (во серија), Број на епизода (во сезона) ...

Сезона 6 (2021–22)

Шестата сезона од серијата започнала да се снима во октомври 2021 година.[11] Епизодите се прикажувале секој работен ден во 20:15 на МРТ 1.[б 4][12] Во оваа сезона четврти пат по ред била вклучена посебна тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2021 година.

Шестата сезона започнала со прикажување на 20 декември 2021, а завршила на 18 јануари 2022 година.

Повеќе информации Број на епизода (во серија), Број на епизода (во сезона) ...

Сезона 7 (2023–24)

Седмата сезона од серијата вклучува 12 епизоди, коишто се прикажуваат во 20:15 на МРТ 1. Во оваа сезона, на глумечкиот состав му се приклучил Димитрија Доксевски во ликот на Ниче.[13] Последната епизода од седмата сезоната („Свадбата на Јелена“) е музичка епизода.

Седмата сезона започнала со прикажување на 18 декември 2023 година.

Повеќе информации Број на епизода (во серија), Број на епизода (во сезона) ...
Remove ads

Поврзани производи

Кујната на Марио

Во април 2021 година било најавено дека во продукција на ОХО ќе започне со прикажување кулинарска емисија со ликовите од серијата насловена „Кујната на Марио“. Прикажувањето на епизодите започнало на 29 април 2021 година на службениот канал на Преспав на YouTube.[14]

Куќен притвор

Во текот на 2022 година во сопродукција на МРТ и платформата GLEY била снимена ситуациската комедија „Куќен притвор“, којашто имала за цел да долови детали од личниот живот на инспекторот Томе за време на неговиот престој во куќен притвор по приведувањето на крајот од шестата сезона. Прикажувањето на серијата започнало на 19 септември 2022 година во 20:15 на МРТ 1.[15]

Телевизиски реклами

Ликовите од серијата се појавиле и во неколку реклами за маслото за јадење „Брилијант“ коешто го произведува Витаминка како еден од главните спонзори на серијата.[16] Ликови од серијата се јавуваат и во реклами на „Сетек“, „Вива“ и „Винарија Тиквеш“.

Remove ads

Прикажување во странство

Бугарија

Во Бугарија, серијалот започнал со прикажување на 16 декември 2019 година на БТВ Комеди секој работен ден во 17:00 часот.[17]

Производство

Серијалот е во производство на ОХО, а се реализира со поддршка на Европската Унија.[18] Продуцент на серијата е Пеце Талески, режијата е на Игор Иванов. Режисери на епизоди се: Игор Иванов, Вардан Тозија, Елеонора Венинова, Даријан Пејовски, Дина Дума и Георги М. Унковски. Главен сценарист на серијалот е Сашо Кокаланов, а сценаријата на епизодите се исто така и од: Елеонора Венинова, Венко Андоновски, Димитар Банов, Алек Попов, Дељана Манева, Билјана Црвенковска, Огнен Неделковски, Вардан Тозија, Александра Миланова, Артин Селмани, Косара Митиќ, Мона Паскалова, Небојша Ромчевиќ, Маја Новељиќ, Миа Николоска и Стефан Миленков. Директор на фотографија на прва сезона е Наум Доксевски, на втора Димо Попов, на трета и четврта Дејан Димески, а на петта и шеста сезона Тони Величковски. Монтажер на прва, трета, четврта, петта и шеста сезона е Сашко Потер Мицевски. Музиката е на Мите Димовски од музичкото студио Тралала.[18]

Remove ads

Белешки

  1. Игор Иванов е режисер на серијата и на дел од епизодите, а како режисери на епизоди се јавуваат и други лица.
  2. Епизодите се главно во времетраење од 30 минути; првата и последната епизода од некои сезони се нешто подолги; а епизодите со новогодишна прослава се во времетраење од 3 часа до 3 часа и 30 минути.
  3. Последните четири епизоди биле прикажувани со почеток во 22:00 часот поради натпреварите на Светското првенство во ракомет за мажи.
  4. Последните четири епизоди биле прикажувани со почеток во 22:00 часот поради натпреварите на Европското првенство во ракомет за мажи.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads