Метан

From Wikipedia, the free encyclopedia

Метан
Remove ads

Метангас (при стандардни услови) со хемиска формула CH4 и претставува најпростиот јаглеводород. Чистиот метан е без мирис, но во комерцијалната употреба тој се меша со мали количини на мириси, како што е сулфурното соединение етил меркаптан за да се детектираат шуплини во одредени материјали.

Кратки факти Назнаки, Својства ...

Како главна состојка на земниот гас, метанот е значајно гориво. Со согорувањето на една молекула на метан во присуство на кислород се ослободува една молекула на јаглерод диоксид и две молекули на H2O (вода):

CH4 + 2O2 → CO2 + 2H2O

Метанот е гас кој учествува во феноменот на стаклена градина. За преку 100 години, тој има глобален затоплувачки потенцијал 23 (IPCC Third Assessment Report), т.е. преку 100 години секој kg од CH4 ја загрева Земјата 23 пати како истата маса на CO2.

Земјиниот плашт содржи големи количества на метан и е негов главен резервоар. Големи количини на метан се емитуваат во атмосферата преку вулканите кои се поврзани со подлабоките слоеви на Земјата или се создаваат по пат на анаеробното дишење (биогас).

Метанот има голема вредност на термодинамичката стабилност. На собна температура и притисок тој е безбоен, безмирисен гас. Има точка на вриење −162°C на притисок од 1 атмосфера и е запалив.

Remove ads

Надворешни врски

Кратки факти
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads