Водно (населба)

населба во Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia

Водно (населба)map
Remove ads

Водно — скопска населба во Општина Центар, на падините на планината Водно. Настаната е во времето на урбанизацијата на Скопје со спојување на двете села Горно и Долно Водно.[1] Денес таа е високоурбанизирана и елитна населба, која е густо населена со многубројните згради во погорниот дел на наслебата. Таа се граничи со населбите Црниче и Пржино од Општина Кисела Вода. Во населбата Водно живеат повеќе од 500 домаќинства.

Кратки факти
Remove ads

Географија

Населбата Водно зафаќа површина од 1.59 км2 и густина на населеност од 2.498 жит./км2.

Историја

Thumb
Преизградба на Водно 1964 г.

На крајот на XIX век Водно било македонско село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горно Водно имало 120, а Долно Водно 140 Македонци христијани.[1][2]

На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Водно живееле 160 Македонци, а во Долно Водно 160 Македонци и 6 Роми.[2][3]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена Горно и Долно Водно (Vodno) се покажани како македонски хирстијански села.[2][4]

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев ги завел Горно и Долно Водно како македонски села.[2][5]

Remove ads

Урбанизација

Населбата Водно во последните децении била составена и од повеќе села, а во населбите имало само куќи и ниски згради, но подоцна населбата целосно се урбанизирала.

Демографија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads