Општина Центар
општина во Град Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Центар — општина во состав на градот Скопје и е негова централна општина. Се наоѓа во средишниот и јужниот дел на градот, го опфаќа плоштадот Македонија, двата брега на реката Вардар и дел од планината Водно. Како централна општина на градот Скопје, а воедно и на Република Македонија на нејзината територија се наоѓаат Владата, Собранието, неколку министерства и многу државни заводи, агенции и управи. На територијата на општината се наоѓаат и ректоратот на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ заедно со неколку факултети и собранието на град Скопје.
На југ и запад граничи со Општина Карпош, на север со Општина Чаир, а на исток со општините Аеродром и Кисела Вода.
Општинско обележје е митолошката птица Феникс, која ја симболизира преродбата на градот по земјотресот во 1963 г.
Remove ads
Географија
Општина Центар зафаќа површина од 7,52 км2 и има густина на населеност од 6 032,18 жители/км2.

Граници
- Главна статија: Граници на Општина Центар
Историја
Стопанство
Демографија
Според пописот од 2002 г. во Општина Центар живееле 45.412 жители, од кои:
- Македонци — 38.778 (85,39 %)
- Срби — 2.037 (4,49 %)
- Албанци — 1.465 (3,23 %)
- Роми — 974 (2,14 %)
- Турци — 492 (1,08 %)
- Власи — 459 (1,01 %)
- Бошњаци — 108 (0,24 %)
- Грци — 45 (0,14 %)
- останати — 1.099 (2,42 %)
Според пописот од 2021 г.[2] општината брои 46.749 жители,
Remove ads
Населби во Општина Центар
Под подрачјето на Општина Центар не влегуваат села и одделни наслени места, односно целото подрачје на општината се протега на урбаната територија на градот Скопје.
Во состав на општината влегуваат следниве населби и маала: Центар, Капиштец, Пролет, Буњаковец, Маџир Маало, Дебар Маало, Ново Маало, Пајко Маало, Водно, Крњево Маало, Парк Маало и Тасино Чешмиче. Во населбата денес како топоним односно месност постои Еврејско маало на чие место било еврејска населба сè до нивната депортација за време на Втората светска војна.
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Центар е Саша Богдановиќ од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Центар е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

СДСМ: 16 места
ВМРО-ДПМНЕ: 7 места
Органи

Совет
Советот на Општина Центар се состои од 23 члена, на чело со претседател. При советот функционираат и комисии по разни области:
- Комисија за мандатни прашања, избори и именувања
- Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој
- Комисија за статут и прописи
- Комисија за локален економски развој
- Комисија за култура
- Комисија за урбанизам, планирање и уредување на просторот
- Комисија за комунални работи и заштита на животната средина и природата
- Комисија за јавни дејности
- Комисија за образование
- Комисија за здравствена, социјална заштита и заштита на децата
- Комисија за родова еднаквост
- Комисија за програма за работа
- Комисија за доделување на годишната награда „Феникс“
Урбани заедници
Целокупното подрачје на Општина Центар е поделено на 17 урбани заедници.[4] Тие имаат свое седиште, а со нив раководат претседателите на урбаните заедници. Највисок орган на урбаната заедница е Советот на урбаната заедница, составен од 7 членови на Советот, од кои еден е претседателот на урбаната заедница, кој и ги води седниците на Советот.
Заради подобра координација на активностите на урбаните заедници, на иницијатива на претседателите на урбаните заедници е формирано Координативно тело на урбаните заедници во кое партиципираат сите урбани заедници претставувани од нивните претседатели. Со Координативното тело на урбаните заедници раководи претседателство во состав Мирчевски Дамјан- претседател на Координативното тело на урбаните заедници, Марковски Благоја, Игор Лешко, Драган Атанасовски и Стојан Донев - членови на претседателството на Координативното тело на урбаните заедници на општина Центар.
Вработени
Во 2017 година, општината имала вкупно 792 вработени, од кои 98 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[5]
Remove ads
Проект „Безбедност за сите“

Урбаните заедници на општина Центар, организирани преку Координативното тело на урбаните заедници, отпочна со реализација на проектот „Безбедност за сите“, проект за зголемување на безбедноста на граѓаните преку интензивирање на соработката со полицијата. Проектот е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Р Македонија и претставува пилот проект од ваков карактер во Р Македонија и во земјите од соседството. Носител на проектот е Координативното тело на урбаните заедници, а соработници претставници од МВР - ПС Центар, Општина Центар, невладини организации и агенциите за обезбедување.
Remove ads
Културни и природни знаменитости

На подрачјето на општината се наоѓаат многу културно-историски споменици и знаменитости по кои е препознатливо Скопје и Македонија. На подрачјето на општината се наоѓаат познатите Камен мост и скопското Кале (кои се застапени на грбот на градот Скопје). Исто така во Дебар Маало е остатокот од влезниот дел на првата македонска гимназија по Втората светска војна, потоа се наоѓаат црквите Свети Димитрија и соборниот храм Свети Климент Охридски (за жал со новата територијална поделба на Општина Чаир и беше придодадена една од најстарите и најбогатите македонски цркви „Свети Спас“ во која се наоѓа гробот на македонскиот херој и великан Гоце Делчев и извонреден резбан иконостас со непроценлива вредност).
Збратимени општини
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads