Воислав Санев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Воислав Санев (26 јуни 1938 , Кочани – 8 април 2007 , Скопје, Македонија) — македонски археолог.[1]
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Remove ads
Животопис
Дипломирал археологија на Филозофскиот факултет во Белград (1963). Од 1963 до 1969 г. работел како кустос во Народниот музеј во Штип, а потоа во Музејот на Град Скопје (1969–1970). Повторно се вратил во Штип (1970– 1976), а од 1976 г. работел во Археолошкиот музеј на Македонија, каде што останал до 2000 г.
Бил директор на Народниот музеј во Штип, в.д. директор на Музејот на Македонија и раководител на Археолошкиот оддел, претседател и секретар на МАНД, уредник и технички уредник на „Macedoniae Acta Aheologica “, на Археолошка карта на РМ, Зборник на Народниот музеј од Штип, Зборник на Археолошкиот музеј и др.
Remove ads
Истражувачка работа
Го истражувал и го проучувал неолитот во Македонија (Вршник, Анзабегово, Руг Баир, Велушка Тумба, Тумба Маџари, Страната, Канли Чаир, Амам, Tумба Мршевци и др.).
Библиографија
Публикувал околу 40-тина отпечатени трудови со широк опус од македонската археологија
- Предисториски култури во Македонија, Штип, 1971;
- Праисторија во Централна Пелагонија, Битола, 1976;
- Анзанбенгово со Милутин Гарашанин, Белград, 2006, 171–191
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads