Волта (езеро)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Волта (езеро)
Remove ads

Волта — најголемо вештачко езеро на светот што зафаќа површина од 8.502 км2. Се наоѓа на реката Волтa во Гана. Езерото е со издолжен облик долго околу 400 километри. Настанало во 1965 година со подигнувањето на браната Акосомбо, недалеку од влевањето на рекатаво Гвинејскиот Залив. Просечната длабочина изнесува околу 19 метри, а најголемата 75 метри. Површината на басенот изнесува дури 390,000 км2. Езерото има доста притоки од кои се одвојуваат: Црна Волта, Бела Волта, Мо, Дака, Оти, Пру и др. Од езерото се излива само реката Волта.

Кратки факти Езеро Волта, Подрачје ...

Вкупниот волумен на езерото изнесува околу 150 км2, лежи на палеозиски пештери и варовници. На левиот брег се наоѓа Национални парк Дигја, а на самото езеро постојата неколку сотрови меѓу кои се Кпорве, Доди и Дварф. Значењето на реката Волта е многу големо затоа што нејзините води служат за наводнување, водоснабдување и производството на електрична енергија. Нејзиниот електросистем припаѓа на Гана, а сè повеќе на Того и Бенин. Благодарејќи на големината и значењето, ова езеро е едно од најинтересните туристички одредишта во Гана.

Remove ads

Видете уште и

Галерија

Литература

  • Вујадиновиќ, С. (2009): Регионална географија на Африка, Географски факултет, Белград

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads