Волта (река)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Волта е река во Западна Африка која се влева во Гвинејскиот Залив во Атлантскиот Океан. Реката има три главни притоки: Црна Волта, Црвена Волта и Бела Волта и извира во Буркина Фасо. Поголем дел од реката тече во Гана. По изградбата на браната Аксомбо во 1965, на реката настанало најголемото вештачко езеро во светот, езерото Волта. Името го добила од португалскиот збор волта, што значи назад.
Површината на басенот на реката изнесува 400.000 км2 и претставува многу важен извор на хидроенергија за овие предели на Африка. Длабочината на реката изнесува 14 метри, во близина на езерото Волта. Реката е долга околу 1.600 км, а пловна е околу 400 км.
Крај реката поминува мостот Адом
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads