Того

From Wikipedia, the free encyclopedia

Того
Remove ads

Того (француски: Togo) или официјално Тогоанска Република (République Togolaise) — држава во Западна Африка. Того се граничи со Гана на запад, Бенин на исток и со Буркина Фасо на север. На југ државата излегува на Атлантскиот Океан преку Гвинејскиот Залив каде се наоѓа и главниот град Ломе. Вкупната површина на Того изнесува 57.000 км2 со вкупно население од околу 6,7 милиони жители.

Кратки факти Тогоанска Република République Togolaise, Службен јазик ...

Того е тропска, потсахарска држава која е зависна од земјоделството со клима која е погодна за истото. Службен јазик во Того е францускиот јазик, но се зборуваат уште многу други јазици. Околу половина од населението живее во сиронаштија со 1.25 американски долари на ден.[4]

Того својата независност ја стекнало од Франција во 1960 година.[5] Во 1967 година, Гнасинбе Ејадема ја предводел војската и станал претседател на Того. До неговата смрт во 2005 година, тој бил африкански водач кој најдолго бил на таа функција, со период како претседател од 38 години.[6]

Remove ads

Историја

За предколонијалниот период од историјата на денешен Того има малку информации. Познато е дека во период од 11 век и 16 век на овие простори живееле или минувале различни племиња. Поголемиот број од нив живееле или се населувале по бреговите. Во текот на XVIII век Того бил колонизиран од страна на Данска. По колонизацијата, населението било главно користено за трговија со робови. Того заедно со соседните региони бил познат под името “Робски брег“. Во 1884 година бил подпишан договор според кој Германија ги зазела териториите на Того под своја контрола, и како германски протекторат останал до крајот на Првата светска војна. Германски Того вклучувал територии од денешна Гана. По Версајскиот договор, Того станал француска колонија. Кон 1950-тите, африканските земји започнале да се припремаат за деколонизација. Француски Того успеал да издвои независност во 1960 година.[5] Во 1963 година билизвршен државен удар во кој бил убиен претседателот Сулванус Олимпио. Во 1967 година, Гнасинбе Ејадема ја предводел војската и станал претседател на Того. До неговата смрт во 2005 година, тој бил африкански водач кој најдолго бил на таа функција, со период како претседател од 38 години.[6]

Remove ads

Географија и клима

Thumb
Карта на Того.

Того е мала и тесна западноафриканска држава. Таа граничи со Гана на запад, Бенин на исток и со Буркина Фасо на север. На југ државата излегува на Гвинејскиот Залив, односно Атлантскиот Океан.

Северниот дел од земјата е карактеристичен по своите савани, додека централниот дел од земјата е претежно ридско-планински. Исто како и северниот, така и јужниот дел е претежно со савани, додека пак приморјето е богато со лагуни и мали заливи. Вкупната површина на земјата е 56.785 km2 со густина на население од 98 жители на метар квадратен. Порано, регионот бил познат како Тоголанд.

Климата на Того е тропска со просечна температура од 27 степени целзиусови на брегот или 30 степени целзиусови во северните предели. Како резултат на тоа, климата е сува со тропски савани.

Remove ads

Политички систем

Политиките на Того се во рамките на претседателска република. Претседателот на Того е шеф на државата и шеф на владата. Извршната власт е во рацете на владата, додека законодавната е поделена помеѓу владата и собранието. Того е повеќепартиски систем со регуларни избори за претседател.

Административна поделба

Thumb
Карта на регионите во Того.

Того, административно, е поделено на 5 региони, кои пак се поделени на 30 префектури и една општина.

  • Кара
  • Платоа
  • Приморски
  • Савани
  • Централен

Стопанство

Економијата не Того е доста зависна од трговијата и земјоделството, сектори кои вработуваат околу 65% од вкупното работоспособно население. Од извозот, 40 % заземаат памукот, кафето и какаото. Того е држава која може сама да произведе храна за населението кога природните услови се поволни. Во индустрискиот сектор, ископувањето фосфат не е веќе главна дејност бидејќи економијата се осврнала кон извоз на цемент во околните држави. Того е регионален комерцијален и трговски центар, со постојано промовирање за странски инвестиции.

Remove ads

Население, јазик и религија

Thumb
Тогоански жени.

Со население од 6.619.000 во 2009 година, Того е 107 држава во светот според бројот на население. Поголемиот дел од населението живее во рурални предели, односно 65% од населението.

Во Того живеат 40 различни етнички групи, од кои најбројни се Еве на југот од земјата и се 46% од населението. Во средината на земјата живеат Котоколи и Чамба, етничката група Кабје живее на север. Помали етнички групи се Мина, Моси и Аџа и потомци на Европејци кои живеат во државата.

Околу 29% од населението се Христијани, 20% се Муслимани и 51% се припадници на локални религии.[7] Службен јазик во државата е францускиот јазик.

Повеќе информации Верници во Того ...
Remove ads

Култура

Thumb
Таберма.

Културата на Того е доста богата поради различноста на етничките групи кои придонесуваат за тоа. Најмногу влијание се чувствува од етничките групи Еве, Мина, Тем, Чамба и Кабре. Иако има толку многу етнички групи, службен јазик е францускиот, но се зборуваат и јазиците на веќе споменатите етнички групи.

Половина од населението на Того негува традиционални религиски и културни вредности, иако другата половина се христијани или муслимани.

Remove ads

Наводи

Користена литература

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads