В’лчи Дол

From Wikipedia, the free encyclopedia

В’лчи Долmap
Remove ads

В’лчи Дол (бугарски: Вълчи дол) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината В’лчи Дол во Варненската Област. Има население од околу 3.060 жители (2022).[1]

Кратки факти В’лчи Дол Вълчи дол, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Градот се наоѓа на сливот на Добруџанската, Варненската и Шуменската висорамнина на 50 километри западно од регионалниот центар Варна и на 39 километри од Добрич.

Историја

В’лчи Дол настанал како населба по завршувањето на Кримската војна (1853-1856) година, кога османлиската власт населила овде Черкези. Населбата носила називот Курт Дере, а првите му жители били познати со своите кражби и жителите на околните села крикнале од нив. Во 1877 година, кога руските трупи се приближувале до Добрич, Черкезите го напуштиле селото. Новите доселеници во Курт Дере биле Бугари, главно бегалци од Тракија и други делови на земјата.

Во 1909 година низ селото била прокарана железничката пруга од Девња за Добрич што придонесло за брзиот развој на трговијата и занаетчиството, бил воспоставен почетокот на една од најголемите житни бази во земјата. Се појавиле првите индустриски претпријатија и работилници. Во 1934 година селото било именувано на В’лчи Дол, а во 1974 година било прогласено за град.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads