Габрово (Делчевско)
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Габрово или Турско Габрово — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Делчево, меѓу планините Влаина и Осогово, а неговиот атар делумно е ограничен со државната граница со Бугарија. Селото е од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 660-765 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 26,7 км2. Од Делчево е оддалечено 6 км.[2]
Историја
Во почетокот на XX век, Габрово било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Само 4 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.545,9 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 505,2 ха, а на пасишта 503,5 ха.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Габрово живееле 415 жители, од кои 400 Македонци муслимани и 15 Роми.[4] По податоците на Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 534 жители, сите Македонци, од кои 517 муслимани и 17 православни.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 794 жители, од кои 791 Македонец и 3 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 606 жители, од кои 558 Македонци, 1 Албанец, 1 Влав, 6 останати и 40 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Габрово:[9]
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Ванчо Прке“ до IX одделение[10], подрачно училиште на ОУ „Ванчо Прке“ - Делчево.
Самоуправа и политика
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0588 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.[11]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 686 гласачи.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 662 гласачи.[13]
Remove ads
Културни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта
- Градиште — градиште од доцноантичко време
- Скокото — населба од неолитско време
- Црквиште — средновековна црква
- Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads