Црква „Св. Димитриј“ - Габрово
црква во селото Габрово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј — главна селска црква во селото Габрово. Црквата е сместена во северниот дел од селото, непосредно на десната страна од патот кој води од Делчево.
Remove ads
Историја
Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 11 октомври 2005 година од страна на тогашниот Митрополит Брегалнички г. Агатангел.[1] Градбата е проектирана од страна на архитектот Ѓорѓи Јанковски. Црквата е градена со помош на донации од верници, при што најголем дел биле од иселеници во Швајцарија.[2]
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм, при што куполата е со осумаголна основа и на секоја од осумте страни има по една тенка монофора. Монофори исто така има и низ ѕидовите на црквата. Во предниот дел од градбата, непосредно пред влезната порта, се издига камбанаријата која е прилепена до градбата на главниот објект. Таа има квадратна основа и до нејзината влезна порта водат странични кружни скали. Градбата е обоена во бела боја, додека рабовите на ѕидовите се обложени со темно-црвена. Целата градба заедно со камбанаријата се покриени со кров од ќерамиди. Пред црквата има дрвена информативна табла на која е насликан Свети Димитриј Солунски.
Remove ads
Галерија
- Информативната табла пред црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads