Галерија на икони (Ново Село)

музеј на икони во Ново Село, Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Галерија на икони (Ново Село)
Remove ads

Галерија на икони - Ново Селомузеј на икони во црквата „Успение на пресв. Богородица“ во штипската приградска населба Ново Село.[1]

Кратки факти Основан, Место ...

Галеријата е отворена во 1972 г. како прва од овој вид во СР Македонија. Збирката се состои од 222 икони и црковни предмети. Значителен дел од иконите се изработени од 1861 до 1866 година од истакнатиот зограф Станислав Доспевски од Самоков. Посебно место во изложбената постановка зазема иконописната претстава на платно „Чудотворната моќ на Богородица“, дело на зографот Теодосиј од Велес. Изложени се и дела на видниот штипски зограф Данило Коцев - Штиплијата, кој во 1914 г. ја насликал во масло композицијата „Полагањето на Христос во гроб“. Во 1919 г. зографот и сликар Коста Вангелов ја насликал „Оплакување Христово“. Во галеријата има и ретка икона „Обрезание Христово“, дело на Данило Коцев од 1895 г.

Изложени се уште и путири, кандила и други црковни предмети, дело на месните кујунџиски работилници.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads