Галерија на старите мајстори

From Wikipedia, the free encyclopedia

Галерија на старите мајстори
Remove ads

Галеријата на старите мајстори (германски: Gemäldegalerie Alte Meister) — уметничка галерија сместена во крило на дворецот Цвингер во Дрезден, Германија. Галеријата е во здание на истакнатиот архитект Готфрид Земпер и има преку 700 слики од старите мајстори од ренесансата до барокот, собирани од изборните кнезови на Саксонија Август II и неговиот син, Август III во првата половина на XVIII век. Во 1746 Август III донел 100 слики од кај војводата на Модена, Франческо III. Во 2007 галеријата лансирала презентација во виртуелниот свет Втор Живот со сите слики од Цвингер.

Thumb
Земперовото крило на дворецот Цвингер, во кој е галеријата
Thumb
Заспаната Венера од Џорџоне, ~ 1510

Галеријата е дел од Државната уметничка збирка Дрезден во сопственост на Слободната Држава Саксонија.

Remove ads

Застапени уметници

Галеријата содржи важни дела од италијански ренесансни сликари Рафаел, Џорџоне и Тицијан. Има и значајни маниристички и барокни дела, како и холандски дела од XVIII век, од Рембрант и неговите следбеници, како и фламански дела од Рубенс, Јорданс и ван Дајк.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads