Рембрант
холандски сликар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рембрант Херменсон ван Рајн (холандски: Rembrandt Harmenszoon van Rijn; 15 јули 1606 или 1607 – 4 октомври 1669) — веројатно највлијателниот холандски сликар и еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста. Рембрант исто бил умешен печатар и нацртал многу цртежи. Неговите придонеси во уметноста се случиле во текот на златното време на холандското сликарство (за време на XVII век) кога холанѓаните го достигнале зенитот на нивната моќ низ светот, нивното политичко влијание, наука, трговија и култура (особено во сликарството).

Во биографскиот речник Чемберс пишува: „Ниеден уметник немал толкава комбинација на способности, енергија и сила“. „Неговиот однос спрема човештвото е полн со човечко сочувство и емоции“ (Џ. О. Торн: 1962).
Remove ads
Творештво
Единственото познато објаснување од самиот Рембрант за што тој се обидувал да постигне со неговата уметност е пронајдено во писмо кон еден од неговите патрони. Во него Рембрант напишал: „најдоброто и најприродното движење“ (на холандски „die meeste ende di naetuereelste beweechgelickheijt“). Дали тоа се однесува на материјална цел или нешто друго е оставено отворено за интерпретација. Во секој случај, Рембрант беспрекорно ги составувал материјалното и духовното како ниеден друг уметник во западната уметност.[1].
Рембрант создал повеќе од 600 слики, 300 графики и 2.000 цртежи. Тој бил мошне продуктивен сликар на автопортрети и создал скоро стотина (вклучувајќи и 20 графики) низ неговата долга кариера. Овие авто-портрети ни даваат мошне јасна слика за Рембрант, неговиот изглед и уште побитно, неговото битие што може да се осознае во неговото разбраздено лице.
Битни карактеристи на творештвото на Рембрант се: светлосенка (кјароскуро), техника на користење на драматичен контраст на светло, сенки и темница која што Рембрант ја адаптирал од техниката на Караваџо; драматично и живо претставување на неговите субјекти без крута формалност која што била типична за тогашните сликари; длабоко сочувство за човекот без разлика на човековата старост и имотна состојба.
Во неговите дела кои често биле со митолошка, библиска или историска тематика, Рембрант често ја насликувал најблиската фамилија: неговата прва жена Саскиа, синот Титус и неговата неформална жена Хендрикје.
Remove ads
Автопортрети
- „ Авто-портрет во Гаркет “, Германски Националенмузеј , Нирнберг
- „Автопортрет“ 1630, Национален Музеј, Стокхолм
- „ Автопортрет со кадифе Берет и Фуред мантија 1634 година
- Автопортрет на 34 години, 1640, Национална Галерија, Лондон
- Автопортрет, Виена c. 1655, Уметничкоисториски музеј (Виена),
Remove ads
Влијание
Во песната „Светилници“, францускиот поет Шарл Бодлер го опејува Рембрант како „тажна болница каде тивкиот народ блада“.[2]
Наводи
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads