Галина Уланова

руска балерина From Wikipedia, the free encyclopedia

Галина Уланова
Remove ads

Галина Сергеевна Уланова (26 декември 1909 , Санкт Петербург - 21 март 1998 , Москва) беше руска балерина. Најчесто ја наведуваат како една од најголемите балерина на 20 век[1].

Thumb
Уланова со Јури Тимофеевич Зданов во Ромео и Јулија (Прокофиев)
Кратки факти Галина Уланова, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Галина Уланова била ќерка на балетант од Театарот Мариински.

Своето образование како балерина го започнала на 9-годишна возраст во затвореното балетско театарско училиште. Во 1928 таа се запишала на Државната академија за опера и балет, која подоцна ќе стане Киров балет. Многу брзо таа станала првиот солист. Ученичка била на Агрипина Ваганова. Прво танцувала в Ленинград, а по-късно се премества в Болшой театър в Москва. Најпрво танцуваше во Ленинград, а подоцна се пресели во театарот Болшој во Москва[2].

Во 1940 година настапувала во насловната улога Јулија за премиерата на Балетот од Сергеј Прокофиев Ромео и Јулија. Постоијат информации дека била инспирација за оваа музика. Стекнала светска слава во 1940-тите. Таа ја носи титулата Народен уметник на СССР, двапати херој на социјалистичкиот труд, и била лауреат на 4 награди Сталин и на Лениновата награда[3].

После повеќе гостувања, 1944 станала член на Болшој театар во Москва[4]. Следната година таа ја имала насловната улога во праизведбата на „Пепелашка“ (исто така од Прокофиев). Во Балшој стеатарот останала до пензионирањето 1963.

После тоа работела како наставничка по балет.

Таа е единствената балерина на која и бил подигнат споменик за време на нејзиниот живот. Во Холандија, видови на лалиња се именувани по неа.

По повод 100-годишнината од нејзиното раѓање, пуштена била во промет сребрена паричка со нејзината слика во вредност од 2 рубли. Има и поштенски марки со нејзиниот портрет[5].

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads