Гастроентеритис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гастроентеритис е медицинска состојба која се одликува со воспаление („-итис“) на гастроинтестиналниот тракт, ги вклучува и стомакот („гастро-“) и тенкото црево („ентеро-“), што резултира со комбинација на дијареа, повраќање и абдоминална болка и грчеви.[1] Гастроентеритисот исто така е познат и како „стомачен вирус“. А се нарекува и „стомачен грип“, иако не е поврзан со грипот.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Во светот, причината за најголем број на заболени деца е ротавирусот.[2] Кај возрасните норовирусите[3] и Campylobacter[4] се повообичаени. Помалку вообичаени причинители се други бактерии (или нивните токсини) и паразити. Може да се пренесе поради внесување на неправилно подготвена храна, загадена вода или преку близок контакт со инфицирани лица.
Основа во третирањето е соодветната хидратација. Кај лесни или умерени случаи ова типично може да се постигне преку орална рехидрадациона течност. Интравенски течности можат да бидат потребни кај потешките случаи. Гастроентеритисот главно ги погодува децата и оние од земјите во развој.
Remove ads
Симптоми и знаци
Типично кај гастроентеритисот се јавуваат и дијареа и повраќање,[5] многу поретко се манифестира само едното.[1] Исто така може да се јават стомачни грчеви.[1] Обично знаци и симптоми се јавуваат од 12-72 часа по добивањето на инфективниот агенс.[6] Доколку причинителот е вирусен агенс, состојбата ќе се разреши за една недела.[5] Некои од вирусните причинители можат да се манифестираат и со висока температура, замор, главоболка, и мускулна болка [5] Доколку столицата е крвава, најверојатно не се работи за вирусна[5] туку за бактериска инфекција.[7] Некои бактериски инфекции се манифестираат со силни стомачни болки и може да траат и до неколку недели.[7]
Децата инфицирани со ротавирусот обично се опоравуваат за три до осум дена.[8] Но, во сиромашните земји, лекувањето на тешки инфекции често е недостижно и упорната дијареа е вообичаена појава.[9] Дијареата често може да доведе до дехидратација,[10] а дете со висок степен на дехидратација може да има одложено капиларно полнење, намален тургор на кожата и абдоминално дишење.[11] Типично е повторни инфекции да се јават во области со лоша санитација и неисхранетост,[6] што може да доведе до застој во растот и долготраен застој во когнитивниот развој.[12]
Реактивен артритис се јавува кај 1% од луѓето, по инфекции со ”Campylobacter”, а Гилан-баров синдром се јавува кај 0,1%.[7] Хемолитичен уремичен синдром (HUS) може да се случи како резултат на инфекција со шига токсин произведен од Escherichia coli или шигела, што резултира со [[тромбоцитопенија | низок број на тромбоцити] ], намалена бубрежна функција и ниски црвени крвни клетки (како резултат на нивното распаѓање).
Remove ads
Причина
Вирусите (особено ротавирусот) и бактериските видови “Escherichia coli” и “Campylobacter” се основните причини за гастроентеритис.[6][13] Меѓутоа, има многу други инфективни агенси кои го предизвикуваат овој синдром.[12] Повремено се евидентирани неинфективни причини, но тие се помалку застапени од вирусна или бактериска етиологија.[1] Ризикот од инфекција е поголем кај децата, поради недостаток на имунитет и релативно лоша хигиена.[1]
Вирусна
Вируси кои предизвикуваат гастроентеритис се ротавирус, норовирус, аденовирус и астровирус.[5][14] Ротавирусот е најчеста причина за гастроентеритис кај децата[13] и предизвикува ист степен на заболувања и во развиени и во земјите во развој.[8] Вирусите предизвикуваат околу 70% од случаите на инфективна дијареа во педијатријата.[15] Ротавирусот е помалку чест причинител кај возрасните поради стекнатиот имунитет.[16]
Норовирусот е главна причина за гастроентеритис кај возрасните во Америка, предизвикувајќи повеќе од 90% од случаите.[5] Овие локализирани епидемии типично се јавуваат кога групи луѓе поминуваат подолго време заедно во непосредна близина, како на пример на крстарење,[17] Кај децата, бактериите се причина за околу 15% од случаите, најчести видови се “Escherichia coli”,”салмонела”,”шигела” и “Campylobacter”.[15] Доколку храната е контаминирана со бактерии и е оставена на собна температура неколку часа, бактериите ќе се размножат и ризикот од инфекција се зголемува за оние што ќе ја консумираат храната.[12] Некои прехранбени производи што обично се поврзани со болест се сирово или недопечено месо, пилешко, морска храна и јајца; сирови никулци; непастеризирано млеко и младо сирење; како и овошни и сокови од зеленчук.[18] Во земјите во развој, посебно потсахарска Африка и Азија, колерата е вообичаена причина за гастроентеритис. Оваа инфекција обично се пренесува преку контаминирана вода или храна.[19]
Токсичниот “Clostridium difficile” е важна причина за дијареа која се јавува често кај постарите лица.[12] Новороденчињата може да се носители на оваа бактерија без да развијат симптоми.[12] Таа е честа причина за дијареа кај хоспитализираните лица и често е поврзана со употреба на антибиотици.[20] Исто така, инфективната дијареа предизвикана од “Staphylococcus aureus” може да се јави кај лица кои употребувале антибиотици.[21] Обично „патничката дијареа” е вид на бактериски гастроентеритис. Лековите за намалување на киселини го зголемуваат ризикот од инфекција, по изложувањето на видовите „Clostridium difficile”, „Salmonella”, и „Campylobacter”.[22] Ризикот е поголем кај лицата што користат инхибитори на протонска пумпа, отколку кај лицата што користат H2 антагонисти.[22]
Паразитска
Одреден број на протозои може да предизвикаат гастроенеритис - најчесто „Giardia lamblia” - но и видовите „Entamoeba histolytica” и „Cryptosporidium”.[15] Како група, овие агенси се застапени кај 10% од случаите кај децата.[23] „Giardia” вообичаено се појавува во земјите во развој, но овој етиолошки агенс, во одреден степен, се јавува насекаде.[24] Се јавува почесто кај лица кои патувале во областите со голема распространетост, кај деца кои одат во градинка, кај мажи кои имаат секс со мажи и после катастрофи.[24]
Пренесување
До пренесување може да дојде преку внесување заразена вода или кога луѓето споделуваат лични предмети.[6] На места со влажни и суви сезони, квалитетот на водата обично опаѓа во текот на влажната сезона, а тоа се совпаѓа со времето на избивањата.[6] Воподрачја на светот со сезони, инфекциите се почести во зима.[12]Хранење на бебињата од шише, со непрописно дезинфицирани шишиња, е сериозна причина на глобално ниво.[6] Стапките на пренесување се поврзани и со слабата хигиена, особено кај децата,[5] во домаќинства со многу членови,[25] како и кај оние со претходно утврден слаб прехранбен статус.[12] Откако ќе развијат отпорност, возрасните може да носат одредени организми, без да покажат знаци или симптоми, а со тоа да дејствуваат како природни резервоари на зараза.[12] Додека некои причинители (како Shigella) се појавуваат само кај примати, другите може да се појават кај голем број животни (како Giardia).[12]
Неинфективно
Постојат неколку случаи на неинфективни причини за воспаление на гастроинтестиналниот тракт.[1] Во почестите спаѓаат лекови (како NSAIDs), некои видови храна, како лактоза (кај оние коишто се нетолерантни) и глутен (кај оние со целијакија).Кроновата болест е уште еден неинфективен извор на (честопати тежок) гастроентеритис.[1] Болеста множе да се појави и како секундарна последица од токсини. Некои од состојбите поврзани со храната, придружени со гадење, повраќање, и дијареа се: труење со цигуатера, како последица на јадење заразени риби грабливки, труење со скумрии, поврзано со јадење некои видови расипана риба, труење со тетродоксин, од јадење на рибата фугу меѓу останатите, како и ботулизам, вообичаено како последица на лошо конзервирана храна.[26]
Remove ads
Патофизиологија
Гастроентеритис се дефинира како повраќање или дијареа, како последица на инфекција на тенкото или дебелото црево.[12] Промените во тенкото црево обично не се воспалителни, додека оние во дебелото црево се воспалителни.[12] Бројот на патогени потребни за предизвикување инфекција, варира од само еден (кај криптоспоридија), па дури до 108 (кајвибрио колере).[12]
Дијагноза
Гастроентеритис обично се дијагностицира клинички, врз основа на знаците и симптомите кај лицето.[5] Обично не е потребно утврдување на точниот причинител, бидејќи тоа не го менува третирањето на состојбата.[6] Сепак, треба да се направииспитување на столицата, кај оние со крв во столицата, кај оние коишто биле изложени на труење со храна, како и кај оние коишто неодамна патувале во земјите во развој.[15] Дијагностичкото тестирање може да се изведува и заради следење.[5] Бидејќи кај приближно 10% од бебињата и малите деца се јавува хипогликемија, кај таа популација се препорачува мерење на гликозата во серумот. Кога постои сомнеж за тешка дехидратација, треба да се проверат и [11]електролитите и функцијата на бубрезите.[15]
Дехидратација
Утврдувањето дали лицето има дехидратација или не, е важен дел од проценката, при што дехидратацијата обично се дели на блага (3–5%), средна (6–9%) и тешка (?10%).[1] Кај децата, најчестите знаци на средна до тешка дехидратација се продолжено полнење на капиларите, слаб тургор на кожата и абнормално дишење.[11][27] Други корисни наоди (кога се користат во комбинација) се пропаднати очи, намалена активност, недостиг на солзи и сува уста.[1] Нормално мокрење и внесување течности се знаци дека нема дехидратација.[11] Лабораториските тестови немаат некоја голема клиничка предност при утврдување на степенот на дехидрираност.[1]
Диференцијална дијагноза
Останати потенцијални причини за знаци и симптоми коишто ги имитираат оние на гастроентеритисот се апендицитис,волвулус, воспалително заболување на цревата, инфекции на уринарниот тракт и дијабет. Треба да се земат предвид и [15] инсуфициенција на панкреасот, синдром на кратрко црево, Виплова болест, целијачна болест, како и злоупотреба на лаксативи.[28] Диференцијалната дијагноза може да биде комплицирана, ако лицето пројавува само повраќање или дијареа (наместо двете).[1]
Апендицитис може да се манифестира со повраќање, болки во стомакот и мало количество дијареа, кај до 33% од случаите.[1] Тоа е во спротивност со големото количесто дијареа коешто е вообичаено за гастроентеритисот.[1] Инфекциите на белите дробови или на уринарниот тракт кај децата може, исто така, да предизвикаат повраќање и дијареа.[1] Класичната дијабетска кетоацидоза (ДКА) се манифестира со болки во стомакот, гадење и повраќање, но без дијареа.[1] Една студија утврдила дека 17% од децата со ДКА биле првично дијагностицирани со гастроентеритис.[1]
Remove ads
Спречување

Начин на живот
Снабдувањето со лесно достапна незаразена вода, како и добрите санитарни навики се важни за намалувањето на стапките на инфекција и на клинички значајниот гастроентеритис.[12] Се смета дека личните мерки (како миење раце) ги намалуваат појавата и вкупниот број заболени лица од гастроентеритис во една популација, како во земјите во развој, така и во развиените земји, дури и до 30%.[11] Ефикасни се и геловите на основа на алкохол. Важно е и [11]доењето, особено на местата со слаба хигиена, како и општото подобрување на хигиената.[6] Мајчиното млеко ги намалува и зачестеноста на инфекциите и нивното траење.[1] Исто така е важно да се избегнува внесување загадена храна или пијалаци.[29]
Вакцинација
Поради ефикасноста и заштитата, во 2009 година Светската здравствена организација препорача на сите деца на глобално ниво да им се понуди вакцината против ротавирус.[13][30] Веќе постојат две комерцијални вакцини против ротавирус, а уште неколку се во фазана развој.[30] Во Африка и Азија овие вакцини намалиле тешки болести кај бебињата[30], а кај земјите коишто поставиле национални програми за имунизација се гледа намалување на стапката и на сериозноста на болеста.[31][32] Оваа вакцина може да го спречи и заболувањето на невакцинираните деца, со тоа што ќе го намали бројот на инфекции во оптек.[33] Од 2000 година, примената на програмата за вакцинација против ротавирус во Соединетите Држави значително го намалила бројот на случаите на дијареа за 80 отсто.[34][35][36] Првата доза од вакцината треба да им се дава на бебињата помеѓу 6 и 15 седмици старост.[13] оралната вакцина против колера се смета за 50–60% поефикасна над 2 годишна возраст.[37]
Remove ads
Лекување
Гастроентеритис обично е акутна самоограничувачка болест којашто не бара лекови.[10] Претпочитаното лекување кај оние со блага до средна дехидратација е орална терапија за рехидрација (ОТР). Но[23]метоклопрамид и/или онданестрон, сепак, може да помогнат кај некои деца,[38] абутилскополамин е корисен за лекување стомачни болки.[39]
Рехидрација
Гастроентеритис примарно се лекува, како кај децата, така и кај возрасните, со рехидрација. Ова, по можност, се постигнува со орална терапија за рехидрација, иако може да се јави потреба за интравенско внесување, доколку има појава на намалено ниво на свест или тешка дехидратација.[40][41] Производи за оралната терапија на замена, направени со сложени јаглехидрати (на пр. оние од пченица или ориз) се подобри од оние на основа на прости шеќери.[42] Пијалаците богати со прости шеќери, како на пример газираните пијалаци и овошните сокови, не се препорачуваат кај децата под 5 годишна возраст, бидејќи може да ја зголемат дијареата.[10] Доколку не се достапни или не се применливи поспецифични и ефикасни препарати за ОТР, може да се користи и вода. Ако е гарантирана, кај малите деца може да се користи и [10] назогастрична сонда за внесување течности[15]
Диететски
Препорачливо е доењето кај бебињата да продолжи како и претходно, а бебињата што се храната со лактовит да продолжат со таквата исхрана по рехидрацијата со ОТР.[43] Лактовит без или со намалено ниво на лактоза обично не е неопходен.[43] Децата треба да продолжат да се хранат како и обично за време на проливите, само без храна со високо ниво на прости шеќери, којашто треба да се избегнува.[43] Повеќе не се препорачува диета БРАТ (банани, ориз, јаболков сок, двопек и чај), затоа што не содржи доволно хранливи состојки и нема предност пред нормалната исхрана.[43] Се покажало дека некои пробиотици се корисни при намалување на времетраењето на болеста и зачестеноста на столиците.[44] И при спречувањето и при лекувањето на дијареа поврзана со антибиотици, можат да бидат корисни[45] ферментираните млечни производи (како јогуртот).[46] Додатоците на исхраната со цинк изгледа се ефикасни при лекувањето и спречувањето на дијареја кај децата во светот во развој.[47]
Антиеметици
Антиеметските лекови се корисни за лекување на повраќање кај децата. Ондансетронот веќе со една доза се поврзува со смалената потреба за инфузии, помалку хоспитализации и поретко повраќање.[48][49][50] Може да помогне и метоклопрамид.[50] Меѓутоа, употребата на ондансетрон се поврзува со зголемена стапка на повторна хоспитализација кај децата.[51] Интравенскиот лек ондансетрон може да се дава и орално, ако одредат така лекарите.[52]Дименхидринатот прави поретко да се повраќа, но нема позначајни клинички предности.[1]
Антибиотици
За гастроентеритис обично не се користат антибиотици, иако понекогаш ги препорачува лекар ако се особено тешки симптомите[53] или ако постои сомнеж за осетлив бактериски причинител или истиот е изолиран.[54] Ако се користат антибиотици, се претпочита макролид (како азитромицин) пред флуороквинолон, поради поголемите стапки на отпорност кон последниов.[7] Со псевдомембранскиот колитис, обично предизвикан од употребата на антибиотици, се справуваме со прекин на агенсот што ја предизвикува состојбата и со лекување со метронидазол или ванкомицин.[55] Бактерии и протозои што се подложни на лекувањето вклучуваат „шигела“[56] „салмонела тифи“,[57] и видот „гијардија“.[24] Кај оние со „гијардија“ или со „ентамеба хистолитика“, се препорачува лекување со тинидазол, оти е подобар од метронидазол.[24][58] Светската здравствена организација (СЗО) препорачува употреба на антибиотици кај деца што имаат крвава дијареја и треска.[1]
Антидијароици
Антидијароиците носат со себе теоретски ризик од компликации и, иако клиничкото искуство не покажало дека ова е веројатно да се случи,[28] овие лекови не се препорачуваат кај оние со крвава дијареја или пролив што има компликација треска.[59] За симптоматското лечење на дијареја често се користи лоперамид, којшто е опиоден аналог.[60] Употребата на лоперамид не се препорачува кај деца, бидејќи може да ја премине незрелата бариера крв-мозок и да предизвика токсичност. Во благи и средно сериозни случаи, може да се користи бизмут супсалицилат, нерастворлив комплекс на тривалентен бизмут,[28] но салицилатната токсичност е, теоретски гледано, возможна.[1]
Remove ads
Епидемиологија

no data
≤less 500
500–1000
1000–1500
1500–2000
2000–2500
2500–3000
|
3000–3500
3500–4000
4000–4500
4500–5000
5000–6000
≥6000
|
Се проценува дека годишно во светот од гастроентеритис се јавуваат од три до пет милијарди случаи,[23] главно кај децата и кај луѓето во неразвиени земји.[6] Во 2008 година резултираше со 1,3 милиони случаи на смрт кај деца до пет години,[61] а најголемиот процент од нив го имаше кај најсиромашните нации во светот.[12] Над 450.000 од овие жртви се должат на ротавирусот кај деца до 5 годишна возраст.[62][63]Колерата годишно разболува три до пет милиони луѓе и убива околу 100.000 луѓе.[19] Во неразвиените земји, децата под две години често во годината добиваат шест или повеќе инфекции, што резултира со гастроентеритис, што клинички не е за занемарување.[12] Болеста е помалку застапена кај возрасните, делумно поради развојот на стекнатиот имунитет.[5]
Во 1980 година, гастроентеритисот (од каква било причина) предизвикал 4,6 милиони случаи на смрт кај деца, а од нив најголемиот дел потекнувале од неразвиените земји.[55] Стапките на смртност беа значително намалени (до околу 1,5 милиони случаи на смрт во годината) до 2000 година, што пак, главно, се должи на воведувањето и распространетоста на оралната рехидрација.[64] Во САД, инфекциите што предизвикуваат гастроентеритис се втори по застапеност (после настинката), а резултираат со 200 до 375 милиони случаи на акутна дијареја[5][12] и околу десет илјади случаи на смрт годишно,[12] со 150 до 300 од тие случаи, кај деца до петгодишна возраст.[1]
Remove ads
Историја
Првата употреба на зборот „гастроентеритис“ била во 1825 година.[65] Претходно, болеста била позната како тифоидна треска или „колера морбус“, а ретко се користеле и „стегнување на цревата“, „прејаденост“, „течење“, „колит“, „вознемирени црева“ и кој било друг застарен назив за акутната дијареја.[66]
Општество и култура
Гастроентеритисот е поврзан со многу народски називи, вклучувајќи ги „одмаздата на Монтезума“, „делхиски стомак“, „турист“ и „спринт на задна врата“.[12] Имал свој удел во многу воени походи и се верува дека од болеста е произлезена фразата „без мака нема наука“.[12]
Гастроентеритисот е главна причина за 3,7 милиони посети на лекар годишно, во САД,[1] и 3 милиони посети на лекар, во Франција.[67] Во САД се верува дека гастроентеритисот резултира со трошоци од 23 милијарди САД долари годишно,[68] а трошоците само од ротавирусот трошоци се проценуваат на 1 милијарда САД долари годишно.[1]
Истражувања
Во процес на развивање се голем број на вакцини против гастроентеритис. На пример, вакцини против шигела и ентеротоксигенска Escherichia coli (ETEК), две главни бактериски причини на гастроентеритис во светот.[69][70]
Кај животните
Гастроентеритисот кај мачките и кучињата е предизвикан речиси од истите причинители како и кај луѓето. Најчестите микроорганизми се: кампилобактер, клостридиум дифициле, клостридиум перфрингенс, и салмонела.[71] Симптомите можат да ги предизвикаат и повеќе отровни растенија.[72] Одредени причинители може да се јават, пак, само кај одредени видови. Заразниот коронавирус на гастроентеритис(ЗКГЕ) се јавува кај свињите, а резултира со повраќање, дијареја и дехидратација.[73] Најверојатно свињите ги заразуваат диви птици, а одредена терапија нема.[74] Не се пренесува кај луѓето.[75]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads