Гајранци
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гајранци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во најјужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Штип или Кочани, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 400 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 15 километри.[2]
До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.
Remove ads
Историја
Подрачјето на Гајранци е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Калиште во неговата околина.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 8,1 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 526,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 251,1 хектар, а на шумите само 5,8 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гајранци живееле 120 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гајранци имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Селото е мало, со намалување на бројот на населението. Во 1961 година, селото броело 275 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 63 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Гајранци живееле 36 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 5 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Гајранци е македонско село.[13]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Стојковци (5 к.), Копчалијци (2 к.), Неоковци (4 к.), Мековци (3 к.), Давитковци (2 к.) и Котларци (1 к.).
- Доселеници: Чакаревци (8 к.), доселени се во втората половина на XVIII век од Прилепско; Даневци (9 к.), доселени се кон крајот на XVIII век од селото Пиперево; Здравевци-Петрушевци (5 к.), доселени се кон крајот на XIX век од селото Крњевци во Овче Поле, тоа село било раселено во предвоена Југославија; Кантарџијци (5 к.), од кои три семејства водат потекло од домазети кои дошле од Лезово (две) и од Шлегово кај Кратово.
Remove ads
Самоуправа и политика
Кон крајот на XIX век, Гајранци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Гајранци, се наоѓале и селата Бучиште, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1550 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[3]
- Калиште — населба од доцноантичко време.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква. Изградена во 1952 година.
- Споменици[18]
- Спомен-плоча посветена на Б. Коцев Јордановски
Галерија
- Селските гробишта
- Стопански објект во селото
- Капела во селото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads