Гварани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гвараните се јужноамерикански староседелски народ. Мајчин јазик на Гвараните е гваранскиот јазик, одлика која ги одвојува од сродните Тупијците. Традиционалната гваранска територија е денешен Парагвај, меѓу реките Уругвај и Парагвај, но и во делови во северна Аргентина, источна Боливија и јужен Бразил.[1] Иако нивната демографска доминација во регионот била засенета од шпанските колонизатори и доселеници од Европа, денес сè уште има значајни гварански заедници. Така, гаваранскиот јазик на широко се зборува во гваранските територии, тој е еден од двата официјални јазика во Парагвај[2] и скоро сите Парагвајци го разбираат овој староседелски јазик. Јазикот се изучува во образовниот систем.
Remove ads
Потекло на поимот
Историјата на поимот „Гварани“ е предмет на расправа. Пред доаѓањето на Европејците во Америка, Гвараните се нарекувале себеси како „Abá“, што значи „мажи“ или „луѓе“.[3] Поимот „Гварани“ за првпат бил воведен од Језуитите за тие староседелци кои ја прифатиле христијанската вера. За тие што го одбиле покрстувањето се користеле поимите Cayua или Caingua (ka'aguygua). Cayua грубо преведено значи "тие од шумата". Така, и денес поимот „Cayua“ се користи за некои староседелски заедници кои не се вклопиле во современиот начин на живот. Но, поимот „Гварани“ се користи за сите, без разлика на нивниот општествен статус. Според Барбара Гансон, името „Гварани“ било дадено од Шпанците, било преземено од тупи-гваранскиот дијалект и значи „војник“.[4]
Remove ads
Позначајни Гварани
- Етигвара
- Мануел Ортиз Гереро - поет
- Емилијано Роварола Фернандес
- Феликс Фернандес Галеано
- Руди Торга - поетt
- Теодоро С. Монгелос
- Хулио Кореја
- Нарсисио Р. Колман
- Грегорио Гомес - поет
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads