Гевгелиско-валандовска Котлина
котлина во областа Бојмија, Јужна Македонија и Кукушкиот Округ, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гевгелиско-валандовска Котлина — котлина во областа Бојмија, Јужна Македонија и преку границата со денешна Грција. Ограничена е со водоразделните линии по планините Кожуф, Марјанска, Плауш, Беласица, Боска и Карабалија. Се простира по течението на Вардар од селото Удово на север до Циганската Клисура на југ, која се наоѓа во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија. Котлината зафаќа вкупна површина од 1000 км2, а се протега на надморска височина од 46 до 2.100 м.[1] Ова е едно од најтоплите места во Р Македонија; се одликува со изменетосредоземноморска клима[2] со средногодишна темепратура од 14,2 °C и годишни врнежи од 694,6 мм.[3]
Remove ads
Поделба
- Валандовско Поле — на надморска височина од 50 до 200 м и зафаќа 115 км2
- Гевгелиско Поле — на надморска височина од 46-200 м и зафаќа 249,4 км2[1]
Плавини
Поради големата висинска меѓу дното на котлината и највисоките делови на Кожуф, реките носат големи количини материјал, кој го таложат во облик на плавини. Особено се истакнуваат геолошки поновите плавини на реките Конска, Кованска и Серменинска, на кои се расположени населени места.
Ридови
Котлината има повеќе ридови високи од 30 до 50 м. Позабележителни се:
- Вардарски Рид кај железничката станица
- Мрзенечко Брдо кај с. Мрзенци
- Рудина Чука кај с. Стојаково
- Голо Брдо кај некогашното с. Побрегово
- Литивка кај с. Богородица
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads