Удово

село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia

Удовоmap
Remove ads

Удово — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото од Давидовскиот манастир

Ова некогаш значајно село се наоѓа во областа Бојмија, во западниот дел на територијата на Општина Валандово, чиј атар се допира со левиот брег на реката Вардар.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 90 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 13 километри.[2]

Во селото се вкрстуваат регионалните патишта Р-1102 и Р-1105. Регионалниот пат 1102, кој го поврзува Скопје со Гевгелија, пред изградбата на автопатската делница Демир Капија-Смоквица претставувал дел од европскиот коридор Е75.

Кај селото, во реката Вардар, се наоѓа вториот по големина остров во Македонија (и најголемиот речен остров во земјата), наречен Удовски Остров, чија површина изнесува 6 хектари.[3]

Remove ads

Историја

Thumb
Селото во 1931 година

Удово бележи постара историја. Порано, во селото живееле претежно Турци и неколку куќи Власи. Старото село се наоѓало во денешното Долно (Удово) Маало. Со текот на годините, Турците се иселиле во Турција и во Скопје, додека Власите во иселиле во Гевгелија.

Со изградбата на вардарската железница (линијата Скопје-Солун), Удово станало позната товарна и истоварна станица, но подоцна замрело како таква населба.[2]

Во пролетните месеци во 1915 година во селото и околу мостот на Вардар се воделе битки помеѓу српската армија и членови на ВМРО. Нападот започнал на 20 март 1915 година на три различни пункта во југоисточниот дел на Вардарска Македонија. Акцијата подоцна е наречена Валандовска афера.[4][5][6]

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[7]

Кога бил отпочнат планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, семејствата на селото Градец почнале принудно да се населуваат во Удово.

Remove ads

Стопанство

Thumb
Стопански објект во селото

Атарот на селото зафаќа површина од 20,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.602 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото постоела земјоделска задруга, а денес во него работат повеќе услужни објекти.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 100 домаќинства со 204 жители муслимани.[8]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Удово имало 425 жители, од кои 375 Турци и 50 Роми.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[10]

Во 1961 година, Удово било мало село и броело 287 жители, но во 1994 година, по пат на имиграција, бројот се зголемил на 886 жители, од кои 856 Македонци, 11 Турци и 7 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Удово имало 851 жител, од кои 838 Македонци, 7 Турци, 2 Срби и 4 останати.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 766 жители, од кои 738 Македонци, 11 Турци, 3 Срби, 2 останати и 12 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Во XIX век, Удово било турско село во рамките на Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Удово, во која покрај селото Удово се наоѓале селата Ајранли, Дразни, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш и Терзели. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Удово, во која влегувале селата Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели и Удово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0291 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Градец.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 700 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.[19]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[20]
Споменици
Острови

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads