Генциј

From Wikipedia, the free encyclopedia

Генциј
Remove ads

Генциј (албански: Genti, грчки: Γένθιος) — последниот илирски крал (180-168 п.н.е)[1]. Генциј бил син на големиот илирски крал Плеврат II од племето Лабеати. Владеел со Илирија од 180-168 година п.н.е. Главен град во тоа време му бил Скадар.

Кратки факти Генциј, На престол ...

Генциј имал незгоден карактер, лоши навики и не знаел да се контролира. Често постапувал грубо спрема своите поданици. Се плашел дека би можел да ја изгуби политичката моќ и престолот. Поради тоа отишол толку далеку што наредил да го убијат неговиот брат, принцот Плеврат. Според друга верзија, двајцата имале намера да се оженат со Етута, ќерка на Монуниј[2], кралот на Дарданците. После убиството на братот, принцезата се омажила за Генциј.

Далматинците во 180 године п.н.е. ја прогласиле својата независност од неговото владеење. Генциј во 171 п.н.е. се здружил со Римјаните против Македонците, но две години подоцна го променил мислењето и склучил сојуз со Персеј Македонски. Дури и наредил да се уапсат двајца римски легати и да се уништат градовите Аполонија и Дирхакиум, кои биле во сојуз со Рим. Тоа му била огромна грешка бидејќи Рим го поразил Персеј и во 168 п.н.е. и ја испратил римската војска од 30.000 војници под водство на Луциј Аниција во Скадар. Генциј доживеал пораз и целата негова фамилија била заробена и одведена во Рим во 167 п.н.е. Не е познат датумот на неговата смрт. Исчезнувањето на Генциј значело и крај на кралството на Илирите и нивната политичка независност[3]. Рим ја анектирал цела Илирија и формирал нова провинција - Илирик.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads