Географија на Косово

From Wikipedia, the free encyclopedia

Географија на Косово
Remove ads

Република Косово се наоѓа во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Се граничи со: Србија на север и исток, Црна Гора на запад, Албанија на југозапад и Македонија на југ. Зафаќа површина од 10,887 км2. Главен град, а воедно и најголем, е Приштина.

Thumb
Физичка карта на Косово

Релјеф

Thumb
Тврдината Новобрдо

Релјефот на Косово е составено од двете големи котлини Косово или Косовско Поле (во централниот и и источниот дел) и Метохија (во западниот дел) кои се одделени со висорамнината и регион Дреница и планината Црнолева. На запад од Метохија кон границите со Албанија и Црна Гора се издигнува планинскиот масив Проклетие со највисокиот врв Ѓаравица со 2622 метри (највисок во државата); на масивот се надоврзува планината Паштрик. На југ кон границата со Македонија се издигнува Шар Планина.

Remove ads

Води

Thumb
Водопади во близина на изворите на Бел Дрим

Реките на Косово даваат вода на три речни слива: јадранскиот, егејскиот и црноморскиот. Јадранскиот слив е претставен преку целиот речен слив на реката Бел Дрим во Метохија, црноморскиот преку реките Ибар и Биначка Морава во Косово, а егејскиот слив е претставен преку реката Лепенец која се влева во Вардар во Македонија во близината на селото Злокуќани кај Скопје. Реката Неродимка е единствената река во Косово која по пат на природна бифуркација дава вода и на егејскиот и на црноморскиот речен слив.

Remove ads

Население

Официјален попис на населението на Косово немало уште од 1989 година кога Косово броело 1.677.000 жители, од кои Албанци биле 77,42%, Срби биле 13,22%, Муслимани (Горанци и Бошњаци) 3,70%, Роми 2,15% итн. Косово имало и најголем природен прираст на населението во поранешната СФРЈ со 25,3% (наталитет 31,8%).

Но, по косовската криза во 1999 година етничкиот состав на покраината е драстично променет, поради иселувањето на околу 200.000 Срби и друго неалбанско население. Според пописот од 2011 година, Косово има 1,733,872 жители.

Територијална поделба

Територијата на Косово се состои од две поголеми региони, Косово и Метохија. Косово го зазема источниот дел од територијата, а додека Метохија се наоѓа на западна страна. Територијата на Косово административно е поделена на 7 окрузи и 24 општини. Главен град на Косово е Приштина, а воедно Приштина е и главен центар на округот Приштина.

Спред УНМИК, како второстепени административни единици се оштините.

Општини
Thumb
01. Дечани 11. Лепосавиќ 21. Призрен
02. Драгаш 12. Липљан 22. Србица
03. Ѓаковица 13. Малишево 23. Штрпце
04. Глоговац 14. Косовска Митровица 24. Штимле
05. Гнилане 15. Ново Брдо 25. Сува Река
06. Исток 16. Обилиќ 26. Урошевац
07. Качаник 17. Ораховац 27. Косовска
08. Косовска Каменица 18. Пеќ 28. Вучитрн
09. Клина 19. Подуево 29. Зубин Поток
10. Косово поле 20. Приштина 30. Звечан
Косово и Метохија
Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads