Глизе 777
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глизе 777, честопати скратено како Gl 777 или GJ 777 — жолт подџин на растојание од околу 52 светлосни години во соѕвездието Лебед. Станува збор за систем од две ѕвезди со можност за постоење на трета ѕвезда. Во 2005 година, се забележани две вонсончеви планети во орбита околу примарната ѕвезда.

Remove ads
Ѕвездени составници
Примарната ѕвезда на системот (каталогизирана како Глизе 777A) е жолт подџин, ѕвезда слична на Сонцето, која престанува да го сврзува водородот во нејзиното јадро. Ѕвездата е многу постара од Сонцето, со старост од околу 6,7 милијарди години. Таа е за 4% помалку масивна од Сонцето. Исто така е прилично металична, има околу 70% повеќе „метали“ (елементи потешки од хелиумот) од Сонцето, што е карактеристично за ѕвездите со вонсончеви планети.
Втората ѕвезда (Глизе 777B) е далечна, темна црвена џуџеста ѕвезда која е во кружи околу примарната ѕвезда, на растојание од 3.000 астрономски единици. За да направи една орбита и се потребни најмалку десетици илјади години. Самата ѕвезда можно е да е двојна, односно и таа да е многу темноцрвено џуџе. Не постојат многу информации за овој систем на ѕвезди.
Remove ads
Планетарен систем
Во 2002 година беше објавено постоењето на планета со долг орбитален период, односно орбита со многу голема полуоска ( Глизе 777b ) од страна на тим за истражување на планетата во Женева.[3] Планетата орбитирала по кружна орбита и орбиталното занесување било зголемено во подоцнежните мерења (e = 0,36).[4] Планетата била „Јупитеров близнак“ и е всушност „занесен Јупитер“ со маса околу 1,5 пати поголема од онаа на Јупитер, но со иста големина. Во 2005 година набљудувањето на ѕвездата покажа дека постои уште една амплитуда со период од 17,1 дена.[4] Ова укажувало на една од најмалите откриени планети во тој период. Масата била само 18 пати поголема од онаа на Земјата или слична на Нептун но со многу мала занесеност. Исто така до Глизе 777 е испратена порака од страна на МЕТИ. Пораката беше оддадена од најголемиот планетарен радар во Евроазија, со пречник од 70 метри. Пораката беше наречена Космички повик 1; порка која беше испратена на 1 јули 1999 година и ќе пристигне до Глизе 777 во април 2051 година.[5]
Remove ads
Поврзано
- 47 Голема Мечка
- 51 Пегаз
- Глизе 229
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads