Глос (Грчиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Глосархеолошко наоѓалиште во валандовското село Грчиште. Претставува населба и некропола од железно време. Се наоѓа на 4,5 км јужно од селото, на левиот брег на Вардар, каде на мала височинка обрасната со вегетација има остатоци од ѕидови. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови од населба. Во непосредната близина на населбата, во лозје на месен жител, како и во просторот покрај патот за Ѓавато се откриени гробни конструкции од камени плочи - цисти. Во 1977 година Музејот на Македонија извршил заштитно ископување, при што во гробовите се пронајдени повеќе украсни предмети - накит и керамички садови работени на колце. Некрополата е датирана во VII-VI век пред н.е. Наодите се депонирани во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads