Годлево

From Wikipedia, the free encyclopedia

Годлевоmap
Remove ads

Годлево — село во Општина Мехомија, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Кратки факти Годлево, Земја ...
Thumb
Поглед на селото
Remove ads

Географија и местоположба

Годлево е планинско село распространето во полите на планината Рила, на надморска височина од 877 метри. Оддалечено е 6 километри од општинскиот центар Мехомија и околу 150 километри од главниот град Софија.

Историја

Околу старото село коешто се наоѓа на 5 километри оддалеченост од селото, минува римски пат, а над него во планината се наоѓа местото викано Стапката на Крале Марко.

Во 1810 година во Годлево е отворено училиште од поп Теодосиј, кое првично опстојува во неговиот дом, а потоа во вакафскиот дуќан.[2]

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ потекнува од 1835 година.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 800 жители, сите Македонци[4][5].

Remove ads

Стопанство

Во Годлево функционира млекарница, којашто е позната по произведството на кашкавал и сирење.

Демографија

Според пописот од 2011 година, во Годлево живееле 503 жители.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[7]

националност број %
Бугари 494 98,2
Роми / 0
Турци / 0
други / 0
не се самоопределиле / 0
не одговориле 7 1,39
Вкупно 503 100

На табелата е прикажан бројот на населението во Годлево за периодот 1934-2011:[6]

Повеќе информации година, население ...

Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Во селото има стадион со капацитет од 2000 души.

Иселеништво

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads