Голејца
село во Голо Брдо, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Голејца (Голеишта или Голевишта; албански: Golovisht) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, na 800-900 м југозападно од границата со Македонија, каде се наоѓа големиот свиок на Црн Дрим (по самата граница) и селата Трнаниќ и Бомово, Општина Дебар. На исток е селото Трбач, а на северозапад е Вичишта.
Историја
Селото е споменато во Слепченскиот поменик и во поменикот на Mанастирот Матка во XVII век како Голевишта.
Во XIX век Голевишта било македонско село во Дебарската Каза кое било во тек на албанизација, односно истиснување на македонското население. Во поменикот на Бигорскиот манастир се зачувани низа македонски имиња од Голејца како Огнен, Дроздо, Сорбин, Рајан, Стојко и други. Според Афанасиј Селишчев во 1870-тите и 1880-те селото сè уште било македонско.[1][2] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Голеишта (Goléichta) е село со 4 домаќинства сочинети од 8 жители Македонци-христијани и 5 жители Албанци-муслимани.[1][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото веќе било наполно албанско, заведувајќи 65 Арнати-муслимани.[4]
„ | Селата Вичишта, Голевишта и Писанки на почетокот на XIX век биле македонски, пред 30 години биле напола македонски, а сега се населени од Арнаути. Само во Писанки се останати уште 3 македонски куќи. Арнаутите доаѓаат од Горица и од други посеверни места.[1][5] | “ |
Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:
„ | Голеишта било чисто македонско село од 60 куќи, на истиот начин [како с. Вичишта] запоседнато од Шем Цам од Дебар. Последниот селанец, кој не сакал така лесно да се прости со својот имот бил Коста Поповски. Но кога му го убиле синот, а него го раниле, тој избегал и се преселил во Дебар. Од другите селани, едни се преселени во Солун, а други во Дебар.[1][6] | “ |
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Remove ads
Иселеништво
Според истражувањата на Бранислав Русиќ објавени во 1954 г. во Баниште, Дебарско живеел родот Голеиштани (1 куќа) доселен од Голејца во 1885 г.[7]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads