Голема Маала

село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Голема Маалаmap
Remove ads

Голема Маала или Бујук Махале (грчки: Μεγαλοχώρι, Мегалохори; до 1927 г. Μπουγιούκ Μαχαλέ, Бујук Махале[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено речиси исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Голема Маала Μεγαλοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на десниот брег на Струма и на северниот брег на Бутковското Езеро.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Голема Маала била чифлик во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Буук (Buuk) било село во Серската каза со 70 домаќинства сочинети од 246 Македонци.[4][5] Во него работела грчката пропаганда.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Голема Маала, чифлик на Акиф-бег на СЗ од Џумаја 2 часа. Почва извонредна која дава најквалитетна пченка. Црква „Св. Богородица“, се служи на грчки; училиште исто така грчко со 15 ученици. 60 куќи македонски[6] и 10 ромски... Рамницата на која се сместени горните четири села[7] се нарекува Прокопанско Поле и една од најплодните. Струма обилно го напојува и често дури си ја менува и матката. На Ј е шумата, густа со вековни врби и тињести блата, така што климата е нездрава и поддржува секакви мијазми. Во шумата има многу диви свињи, јазовец, чакали; по пределите шетаат и питоми свињи.[8]

Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзарихија и во него проработела бугарската пропаганда.[9] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 420 Македонци и 60 Роми.[4][10]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Голема Маала (Golema-Mahala) живееле 640 Македонци егзархисти. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 30 ученицивц.[4][11]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 250 жители, кои во 1920 г. се покачиле на 356 лица.[3] Во 1924 г. селото го напуштиле 96 лица (30 семејства), а на нивно место властите довеле грчки колонисти. На пописот од 1928 г. ГОлема Маала имала 629 жители,[3] од кои 336 лица (80 семејства) биле грчки дојденци, а остатокот македонски староседелци.[12]

Во 1930-тите, по извршените мелиорации на Струма и создавањето на вештачкото Бутковско Езеро, во Голема Маала се доселиле и семејства од погодените села Бахтијар и Мантар, кои денес се непостоечки.

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads