Голема Пеш

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Голема Пеш во литературата и како Голема Пешт[1] е археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба од палеолитот.[2] Местоположбата на пештерата овозможува многу добра прегледност на околината, а особено кон долината на некогашната река Треска. Се наоѓа на 460 метри надморска височина и на 62 метри над релативната висина на тогашното ниво на оваа река. Со изградбата на хидроцентралата и со полнењето на езерото Козјак, пештерета денес се наоѓа на 10 м. над водата и сериозно е загрозена од големото присуство на влага. Во 1999 година е извршено пробно сондирање а од лабораторијата на Институтот за физика во Ерланген, Нирнберг (каде биле испратени два примерока од јаглен) пронајдено е дека пештерата била населена и пред 50.000 п.н.е. Камените и коскените артефакти укажуваат на присуство на луѓе од времето кога сè уште немало изработки и употреба на керамика (глина). Кварцот бил главна суровина која била употребувана за изработка на алатките. На простор од 6 м2на длабочина од 70 см се откриени 6000 камени артефакти и 4900 наоди од животински коски. Најголем број остатоци потекнуваат од елени, а во помал број од: алпски козорог, дива свиња, пештерна хиена, мечка, дабар, птици, желка. Наоѓалиштето било мета на диви копачи и биле се пронајдени оштетувања на импровизираната ограда од наоѓалиштето и во внатрешноста на пештерата, каде што биле евидентирани копања, со што бил нарушен стратиграфскиот слој на просторот предвиден за истражување, а исто така бил направен и откоп на два геолошки слоја од сондата каде што биле вршени систематски ископувања, со што, пак, било предизвикано нарушување на хоризонталната стратиграфија на сондата.[3]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads