Старо Село (Здуње)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Старо Селоархеолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба и некропола од средниот век. Се наоѓа на 4 км северно од селото, на десниот брег на реката Треска, каде во нива на месен жител е сместена рано средновековна некропола. При обработка, односно проширување на нивата со копачење сопственикот има откопано неколку гробни конструкции со прилози. По кажување на селаните како наоди се појавуваат еден средновековен бронзен прстен со шестокрака звезда и една троребреста железна алатка. Источно од Старо Село се наоѓа месноста Соколица што претставува еден длабок дол со серпентини, а на северните падини на гребенот во карпите има дупки во кои во минатото гнезда свивале белите орли мршојадци. Високо над карпите од длабокиот дол во дабова шума се наоѓа извор на лековита вода. На овој извор доаѓаат луѓе од разни места, а коко благодарност фрлаат пари и оставаат делови од облеката околу изворот. Раносредновековната некропола во Старо Село и припаѓа на мала сточарска населба која била сместена северно од гробиштата, а веројатно тука била средновековната населба Соколовец.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads