Подградец (Здуње)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Подградец — археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба од доцноантичко време и ран среден век. Се наоѓа на крајните западни падини на Сува Гора, под Црни Врв, каде реката Оча се влева во Треска. Тука на висок рид, од сите страни тешко пристапен (со зарамнето плато), кој доминира над околината, се зачувани темели од одбранбен бедем. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и др. Во 1986 година, со заштитните археолошки ископувања биле откриени 4 гробни целости со наоди што се датираат од крајот на V век. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1] Сребрената обетка е изработена во техника на лиење како дело на локална работилница, а бронзената обетка е во проста форма со кружен пресек на краевите кои се допираат. Археолошките предмети од извршените дополнителни археолошки истражувања во текот на 1998 година биле во фаза на обработка и конзервација.
Remove ads
Поврзано
- Голема Пеш — населба од палеолитско време;
- Бошевци — црква и некропола од средниот век;
- Градиште — населба од доцноантичко време;
- Св. Недела — црква и некропола од средниот век;
- Оча — некропола од доцноантичко време;
- Црквиште — црква од средниот век;
- Цуцул — населба од римско време и среден век;
- Куклојца — населба од доцноантичко време и среден век;
- Потпетрушка — светилиште од ран среден век;
- Засечишта — населба од средниот век;
- Старо Село — населба и некропола од средниот век;
- Здуње;
- Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads