Св. Недела (Здуње)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Недела — археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува црква и некропола од среден век. Се наоѓа на околу 4 км северно од селото, високо над левиот брег на реката Треска во подножјето на ридот Булуноец, каде се наоѓаат остатоци од мала еднокорабна црква (Црква „Св. Недела“). Зачувани се јужниот и северниот дел на источниот ѕид, граден од кршен камен и добро обработен бигор. Северно од црквата се гледаат камени плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад. Во 1998 година биле вршени археолошки истражувања кога во новооткриената некропола биле истражени 11 гробови. Гробовите имаат форма на циста од обработени камени блокови. Некрополата најверојатно му припаѓала на средновековното селце Орлов Крст.[1]
Remove ads
Поврзано
- Голема Пеш — населба од палеолитско време;
- Бошевци — црква и некропола од средниот век;
- Градиште — населба од доцноантичко време;
- Подградец — населба од доцноантичко време;
- Оча — некропола од доцноантичко време;
- Црквиште — црква од средниот век;
- Цуцул — населба од римско време и среден век;
- Куклојца — населба од доцноантичко време и среден век;
- Потпетрушка — светилиште од ран среден век;
- Засечишта — населба од средниот век;
- Старо Село — населба и некропола од средниот век;
- Здуње;
- Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads